SafeJournalists: Култура на неказнивост за нападите кон новинарите во Западен Балкан

    0
    218
    photo: pixabay

    Денеска е Меѓународниот ден за запирање на неказнивоста на нападите кон новинарите, па затоа мрежата на ,,SafeJournalists” посочува дека постои култура на несанкционирање на такви злосторства во Западен Балкан. Со цел да се укаже на овој проблем, Мрежата започнува едномесечна кампања #recognize&report.

    Во Црна Гора, случајот со ранувањето на истражувачката новинарка во 2018 година, Оливера Лакиќ, сè уште претставува големо предупредување за сите истражни органи во Црна Гора, имајќи предвид дека и по 3 години не доби судски епилог.

    Од друга страна, на 30 октомври минатата година експлозивна направа се активирала на влезната врата на албанскиот новинар Елдион Ндрека додека неговите родители, сопругата и двете ќерки биле дома, но за среќа никој не бил повреден. Ова се случи пред една година, а сепак никој не е изведен пред лицето на правдата за овој напад.

    На крајот на септември оваа година, во Босна и Херцеговина, членот на Претседателството Милорад Додик постојано ги напаѓаше медиумите чие известување не му се допадна, па ја означи телевизијата БН како „дел од заеднички злосторнички потфат против Република Српска“ и „најголемите злобници во РС“. Додик и другите политички функционери во БиХ никогаш не биле повикани на одговорност за вакви јавни напади врз медиумите, кои постојано поттикнуваат атмосфера на несигурност и страв меѓу новинарите и ги загрозуваат медиумските слободи.

    Во почетокот на 2021 година новинарот Висар Дуриќи од Косово беше физички нападнат во близина на неговиот стан. Сторителот(ите) сè уште не се изведени пред лицето на правдата. Правдата доживеа неуспех да го расветли овој случај и сите други случаи доведе до зголемен број на напади, закани и малтретирање на новинарите.

    За време на протестите во Скопје, на 27 април 2017 година, кои подоцна резултираа со упад во зградата на Собранието од страна на националистички демонстранти, вкупно 21 новинари беа нападнати, закани или попречувани да известуваат на местото на настанот. Основното јавно обвинителство застана во одбрана на политичарите и против некои од нивните напаѓачи беа преземени мерки по службена должност, по што следуваа затворски казни од страна на кривичниот суд. И покрај тоа што група новинари претходно даваа изјави во Обвинителството за настаните од 27 април, за жал, сè уште нема правна постапка против сторителите каде што новинарите се оштетени, а предметите сè уште се во судските лавиринти.

    Запален домот на српскиот новинар на локалниот медиум „Зиг инфо“, Милан Јовановиќ, на 13 декември 2018 година. За среќа, неговата сопруга и тој преживеале, но куќата изгорела до темел. По речиси две години судење, на почетокот на овој, поранешниот градоначалник на Гроцка и член на владејачката партија Драгољуб Симоновиќ, полицаецот Владимир Михаиловиќ и Александар Маринковиќ беа осудени на 12 и пол години затвор за кривични дела против општата безбедност. Во моментов се чека конечна пресуда пред Апелациониот суд. Судењето на соучесникот Игор Новаковиќ е одвоено и за него се води посебна постапка.

    Проблемот со неказнувањето на нападите кон новинарите е присутен и во Хрватска. Пример е фактот дека повеќе од една и пол година од физичкиот напад во Сплит врз колегите и членовите на ХНД Ивана Сивро, снимател на телевизија N1 и Живана Сусак Живковиќ, новинарка на далматинскиот портал. Судската постапка против напаѓачите на колегите се уште не е почната.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци, изразува длабока загриженост поради недоволната ефикасност на полицијата, обвинителството и судството во регионот. Бараме од нив да ги процесуираат сите овие случаи што е можно поскоро.

    ,,SafeJournalists” мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овие случаи.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 02.11.2021

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинарите на Македонија

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора