SafeJournalists: Нападната екипата на телевизија N1 во Црна Гора додека известуваше за протестот во Цетиње

    0
    242
    Foto: Pixabay

    SafeJournalists: Нападната екипата на телевизија N1 во Црна Гора додека известуваше за протестот во Цетиње

    Утрово на 05 септември, екипата на телевизијата N1 беше нападната во Цетиње, од страна на група демонстранти кои веќе два дена протестираат против устоличувањето на митрополитот владиката Јоаникије во манастирот Цетиње.

    Репортерката на телевизијата N1 Александра Тоj Ружиќ направи директен пренос за да ја прикаже хаотичната ситуација по улиците на Цетиње. Полицијата постојано фрлаше солзавец за да ги растера демонстрантите. Групи граѓани се разотидоа по улиците, ја нападнаа екипата на телевизијата додека снимаше инсерти и фрлаа со камења кон нив.

    Востоличувањето на митрополитот епископ на Црна Гора, Јоаникије, е планирано за денес во 8 часот наутро во манастирот Цетиње, на што од вчера се противат група демонстранти. Тие бараат церемонијата да се одржи надвор од Цетиње. Патријархот Порфирије и митрополитот епископ Јоаникије пристигнаа во манастирот со хеликоптер, бидејќи градот беше блокиран. Во Цетиње има немири од утрово, се фрлаат камења кон полицијата, додека пак полицијата враќа со солзавец кон демонстраните, се слушаат истрели, а се крева густ чад од запалени гуми на барикадите.

    Мрежата на ,,SafeJournalists” го осудува нападот врз екипата на телевизијата N1 и бара од полицијата да ги пронајде и приведе оние што ги нападнаа денеска.

    Нашата мрежа веќе предупреди дека за време на устоличувањето во Цетиње, ќе има можност новинарите што известуваат да бидат загрозени. За жал, сите индикатори покажуваат дека тензиите не само што ќе стивнат, туку можат и да се радикализираат. Нашата мрежа апелира до владините претставници и полицијата да направат се што е во нивна моќ за да спречат понатамошно насилство и крвопролевање.

    Мрежата ,,SafeJournalists”  бара од полицијата да ги заштити новинарите за време на протестот и да спречи нови инциденти.

    ,,SafeJournalists” мрежата ќе ги извести сите релевантни национални и меѓународни чинители за овој случај.

    Секој напад врз новинар е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 05.09.2021 година.

    Здружение на новинари на Македонија

    Асоцијација на новинари на Косово

    Здружение на новинари БиХ

    Хрватска асоцијација на новинари

    Независно новинарско здружение на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора