SafeJournalists: Нападната новинарка на Топ Канал на северот на Косово

    0
    175
    photo: canva

    Новинарката на ,,Топ Канал”, Леонита Бајрами, на 27 декември беше нападната во Митровица со пиротехнички експлозив додека беше на директен пренос на утринската програма на Топ чанел ,,Албанија во живо“.

    Штом забележала присуство на експлозив таа побегнала, но емитувањето во живо од локацијата продолжил и по нападот. Овој напад се случи додека новинарката Бајрами известуваше во живо од босанската населба во Митровица, за новата барикада што беше поставена таму тоа утро. Снимката од нападот може да се види овде.

    Ова е шести напад кон новинари во Митровица во декември 2022 година додека траат тензиите:

    Автомобилот во кој патувал новинар и продуцент на Kallxo.com бил нападнат во близина на Техничкото училиште во Митровица; Екипата на РТВ Дукаѓин беше нападната со експлозив при известување во живо во северниот дел на Косово; Екипата на Клан Косова била нападната додека известувала во близина на барикадите лоцирани во селото Чабер во Зубин Поток кога напаѓачите фрлале камења кон екипата и ја навредувале; Екипа на ТВ1 беше нападната со експлозив во босанската населба во општина Митровица. Екипата составена од новинар и снимател била присутна кога се случила експлозијата; Маскирани лица го нападнаа тимот на Клан Косово во Зубин Поток во селото Жупч. Новинарот и возачот добиле лекарска помош откако искршените стакла од автомобилот ги удриле во лицето.

    Тековните напади претставуваат сериозна закана за безбедноста на новинарите и го спречуваат известувањето за случувањата на северот на Косово. Во изминатиот месец, Здружението на новинари на Косово ги повика КФОР и ЕУЛЕКС да играат дополнителна улога за гарантирање на физичката безбедност на новинарите, кои продолжуваат да бидат цел на напади организирани од групи маскирани луѓе.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, ги осудува овие случаи и ги повикува надлежните тела да се грижат за безбедноста на новинарите, особено во деликатни времиња. Дополнително, ги повикуваме одговорните институции да ги расветлат сите случаи на напади врз новинари кои се случуваат на Косово, бидејќи секој случај што поминува неказнето води до повеќе злосторства кон новинарите.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за најновите случаи.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 29.12.2022

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора