SafeJournalists: Нападнат снимател во Косово, се здобил со сериозни повреди

    0
    230
    photo: canva

    Снимателот на Радио телевизија на Косово, Бард Бектеши, денеска бил физички нападнат додека известувал од Лепосавиќ.

    Како што се гледа на вознемирувачката снимка што Здружението на новинари на Косово (ЗНК) ги добила колешката на Бектеши, Венера Џоџај, која била присутна во моментот на нападот, Бектеши бил турнат на земја, а потоа претепан. Како што објасни новинарот Џоџај, Бектеши се здобил со тешки повреди во главата, но и во телото. „Маскирани демонстранти фрлаа камења по нас, додека некои колеги си заминуваа. Нашиот снимател Бард Бектеши беше турнат и соборен каде што беше физички нападнат, нанесувајќи му повреди во главата и телото“, рече таа.

    Покрај физичкиот напад, демолирана е и камерата на Бектеши. Понатаму, беше потврдено дека демонстрантите фрлале со камења и врз други присутни медиумски екипи, како што се: „Тв1“, „РТВ Дукаѓини“, „РТК“, „Клан Косова“ и „КТВ“.

    „Згрозени сме од последниот, најбрутален напад врз новинари во Лепосавиќ. Биле бркани, а најмалку двајца клоцале додека биле на земја. Ги повикуваме сите, почнувајќи од косовскиот премиер Курти и другите релевантни фактори, да дадат се од себе за да обезбедат безбедна средина за новинарите да ја вршат својата работа“, рече Џемајл Реџа, претседател на УО на ЗНК.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, им се придружува на нејзините членки ЗНК за да го повика КФОР да ја гарантира безбедноста на новинарите, особено додека тие ги извршуваат своите должности во овој дел од земјата. Мрежата смета дека е многу вознемирувачки да се сведочат снимките на кои се гледа како КФОР не реагира, додека животите на неколку медиумски работници се загрозени.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

     

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 16.06.2023

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватски

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора