SafeJournalists: Нападнат фоторепортер во Србија

    0
    181
    photo: canva

    Милан Супица, фоторепортер на весникот „Панчевац“ вчера бил физички нападнат во близина на неговата куќа во Панчево, Србија.

    Супица фотографирал цвеќиња во импровизирана продавница кога продавачката го прашала зошто го прави тоа, па му ја прикажал личната карта. Заминал со автомобил, а кога застанал, тројца непознати напаѓачи го извлекле од автомобилот, вербално му се заканиле и ја искинале чантата во која била камерата. Супица потоа бил удрен неколку пати во градите, а кога се обидел да повика полиција, телефонот му бил одземен од рака, картичката била извадена од камерата и додека му се заканувале, напаѓачите ги фрлиле телефонот и камерата назад во автомобилот, додека со себе ја зеле картичката со снимениот материјал од камерата. Настанот е пријавен во полиција и е поднесена кривична пријава за нанесување полесни телесни повреди и кражба на имот на лице кое врши професионална должност. Две лица осомничени дека го нападнале репортерот денеска се уапсени на 48-часовен притвор и на распит по кривична пријава.

    Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) вели дека таквите напади врз медиумските работници се неприфатливи. Жељко Бодрожиќ, претседател на НУНС, вели дека нападот врз колегата е последица на непријателската клима што се создава кон новинарите и медиумските работници. „Овој напад е уште еден доказ за непријателската и опасната средина во која функционираат медиумите во Србија“, заклучува Бодрожиќ.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, остро ги осудува нападите врз медиумските работници и ги повикува властите соодветно да ги санкционираат сторителите.

    SafeJournalists мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 05.05.2023

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора