SafeJournalists: На хрватскиот новинар Драго Хедл му се заканувал сопругот на уапсениот поранешен министер

    0
    273
    FOTO: VJEKOSLAV SKLEDAR/TELEGRAM

    Во акцијата на Европското јавно обвинителство во Република Хрватска, утрото на 10 ноември полицијата ја уапси поранешната министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, за аферата Софтвер, под сомнение за измама во Министерството за регионален развој и фондови на ЕУ.

    По апсењето, новинари се собрале пред семејната куќа на Жалац во Винковци, додека полицијата ја пребарувала куќата и двата автомобили пред куќата на поранешниот министер. Сопругот на уапсениот Марио Жалац се појавил и почнал да им вика на новинарите: „Ви благодарам на сите“, по што му се обратил на новинарот Драго Хедл со зборовите: „Господине Хедл, како сте? Знам се за вас Хедл! Запали свеќа за денот на сите светци.“ По овие зборови сакал да им пријде на новинарите, но полицијата го спречила во тоа.

    Ова не е првпат новинарот Хедл да биде нападнат затоа што си ја врши работата; вели дека ваквите закани веќе му станале „вообичаени“, а дека неодамна добивал слични закани и навреди.

    Драго Хедл не пријавил ништо во полиција и вели дека тој и неговиот колега непланирано отишле во Винковци, кога дознале што се случува таму. Пред куќата на поранешниот министер Жалац приметиле новинари од многу медиуми, но сопругот на поранешната министерка на Хедл му се обратил само со име и презиме. „Никогаш не сум го видел овој човек ниту сум разговарал со овој човек досега“, рече Хедл, додавајќи „Можеби напишав само еден текст за неговата сопруга, други колеги повеќе се занимаваа со оваа тема и не знам зошто се фокусираше на мене. “.  На прашањето како се чувствува сега, Хедл одговори: „Навикнат сум да се случуваат такви работи, но не можам да кажам дека сум рамнодушен. Човек се чувствува вознемирен од таквите закани, кога некој ќе ти каже дека знае сè за тебе и дека треба да си запалиш свеќа за Денот на сите светци, а знаеш што значи тоа метафорично“.

    Хрвоје Зовко, претседател на Хрватското здружение на новинари, беше згрозен од нападот. „Овие и слични закани се апсолутно неприфатливи и се за целосна осуда“, рече Зовко, додавајќи дека „ги замолуваме највисоките претставници на Република Хрватска јасно и недвосмислено да ги осудат ваквите закани и напади“.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својот член, Хрватското здружение на новинари, во осудата на овие закани. Бараме институциите да ги заштитат новинарите, како и јавно да ги осудат ваквите закани кон новинарите.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни страни учесници за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 11.11.2021

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора