SafeJournalists: Неприфатливи притисоци врз слободата на медиумите и новинарите во Република Српска

    0
    161
    slika: canva

    Новинарите и медиумите во Република Српска во последно време беа цел на разни видови напади и притисоци.

    Милорад Додик, претседател на Република Српска, на прес-конференцијата одржана на 8 март во Бања Лука несоодветно ја коментирал борбата на новинарите против криминализацијата на клеветата и нацрт-амандманите на Кривичниот законик на Република Српска, според кои клевета ќе биде криминализирани, а граѓаните и новинарите би биле казнети со парични казни и до 100.000 КМ (околу 50.000 евра). Покрај непримерното говорење со новинарите, Додик најави и ригорозни мерки против невладиниот сектор и здруженијата финансирани од донаторски фондови и објасни дека „во својот закон САД ги нарекува странските невладини организации или оние финансирани од странци странски агенти на територијата на САД“, и најави дека Република Србија ќе ја прифати истата терминологија.

    Ден по конференцијата, на новинарите Александар Трифуновиќ од Бука и Никола Морача од ЕвроБлиц, вандали им ги изгребале автомобилите. Полицијата во Бања Лука моментално го истражува случајот. Морача неодамна беше испрашуван од полицијата и му беше одземен мобилниот телефон откако тој одби да го именува изворот на информацијата, ова беше осудено од страна на мрежата SafeJournalists. Додик не пропушти да се осврне и на ова прашање, велејќи дека „има индиции“ дека самите новинари ги оштетиле возилата.

    Здружението на новинари на БиХ посочува дека вандализмот на имотот на двајца новинари е директна последица на пораките што Милорад Додик со денови ги испраќа до јавноста. Со својата реторика Додик ги таргетира новинарите кои се борат против криминализацијата на клеветата како „недостојни“. Тој јавно, по име и презиме, поединечни новинари ги означува како „непријатели на системот“, а прашање на време е кога некои од тие новинари ќе бидат физички нападнати затоа што претседателот на Република Српска ги ставил на мета, заклучува Здружението.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, бара полицијата итно да ги истражи случаите. Мрежата ги повикува надлежните институции да ја обезбедат потребната заштита на новинарите додека трае истрагата и додека не се пронајдат сторителите. Очекуваме Милорад Додик и сите други државни функционери да престанат да ги задушуваат медиумските слободи во Република Српска и да „вперат со прст кон новинарите“, бидејќи на овој начин се загрозува безбедноста на новинарите и нивните семејства.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овие случаи.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

     

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 10.3.2023

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Хрватското здружение на новинари

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора