SafeJournalists: Подмолно таргетирање новинари од страна на хрватскиот неделник „Hrvatski tjednik“

    0
    272

    Хрватскиот неделник „Hrvatski tjednik“ објави фотографија, на 16 септември 2021 година, на српскиот патријарх Порфирије и портрети на 14 интелектуалци – политичари, научници, политички аналитичари, универзитетски професори и новинари – со наслов „Четнички патријарх и хрватски квислинзи“. На дното на насловната страница, текстот „извршувајќи притаенa инфилтрација во таканаречениот српски свет во Хрватска“ беше додаден со помали букви.

    Новинарот Бранимир Пофук, кој се пријави во полиција и во Хрватското новинарско здружение, се почувствува директно загрозен, но другите новинари како Драго Пилсел, Борис Дезуловиќ, Виктор Иванчиќ, Јурица Павичиќ, Анте Томиќ, Ивица Иванишевиќ, Дамир Пилиќ, Давор Криле, Миљенко Јерговиќ, Горан Геровац и Златко Гал исто така беа споменати.

    Бранимир Пофук наведува дека „текстот истакнува целосно невистинити и злонамерни обвинувања, перфидна клевета со која новинарите се прикажани како непријатели и мразачи на хрватската држава и хрватскиот народ, а исто така се обвинети за намерно непријателско дејствување“. Тој ги смета и ги перцепира овие „налози“ прикажани на сите киосци во Хрватска како поттикнување омраза, што поединците лесно можат да го разберат како повик за секаков вид прогон и чин на вербално или физичко насилство против таквите „непријатели“.

    „Поради сето ова, оваа публикација ја доживувам како директна закана за мојата лична безбедност, како и за безбедноста на моето семејство“, додаде Пофук. Тој очекува полицијата да постапува по службена должност и во согласност со нивните надлежности и законите на Република Хрватска.

    Хрвоје Зовко, претседателот на Хрватското здружение на новинари, изјави дека е згрозен од практиката на „Hrvatski tjednik“, која континуирано ги крши етичките норми на медиумите и Кодексот на честа на хрватските новинари. “Ваквите “налози” се многу опасни и директно ги загрозуваат новинарот, неговото семејство и работата што ја работи. Она што го прави ,,Hrvatski tjednik” не е новинарство, туку пример за провоцирање”, рече тој.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која собира повеќе од 8.200 медиумски професионалци на Западен Балкан, се придружува на својата членка на Здружение на новинари на Хрватска во осудата на оваа подмолна цел на новинари во Хрватска. Ги повикуваме хрватските институции, полицијата и државното обвинителство да се справат со овој случај и да реагираат, бидејќи ваквите јавни провокации и кажување невистини можат сериозно да ја загрозат безбедноста на новинарите.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги извести сите релевантни домашни и меѓународни актери за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

     

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 27 септември 2021 година

     

     

    Здружение на новинарите на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независно новинарско здружение на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора