SafeJournalists: Смртни закани до редакцијата на ,,Данас” – шести напад врз новинари за една недела во Србија

    0
    132

    Вчера, 22 април, редакцијата на дневниот весник и порталот ,,Данас” доби низа навреди и смртни закани преку социјалните мрежи и електронската пошта поради цитат од Махатма Ганди објавен во печатено издание и на страницата на Данас на Инстаграм, во која стојат: “Вистина, а не Бог.” Дури беше покрената и акција со која се повикуваат граѓаните да испратат пораки до редакцијата во инбокс: „Господ е вистината“. Заканите биле пријавени во ресорното обвинителство и полиција.

    „Ќе ве заколеме сите“, „Ќе ги заколеме сите што работат за оваа секта еден по еден“, „И вие сте на списокот! Ќе ве судат! БОГ Е ВИСТИНАТА!“,“ Вие сте најлошата секта, се надевам дека сте заболеле од рак, e*ани провокатори!“ – ова се само дел од заканите и навредите кои беа упатени до весникот ,,Данас” вчера.

    Претседателот на Независното здружение на новинари на Србија, Жељко Бодрожиќ, ги осуди заканите и навредите што вчера ги добија новинарите на дневниот весник „Данас“.

    „Ова е уште еден показател за тоа до што водат таргетирањето и кампањите против критички ориентирани медиуми. Данас често е мета на разни видови притисоци и напади, но последната серија закани се застрашувачки, особено ако се има предвид дека сè се случува за време на верските празници. Апелираме до сите граѓани, а особено до политичките актери, да се воздржат од реторика која ги продлабочува поделбите во општеството и води кон вакви страшни закани“, рече Жељко Бодрожиќ.

    Според евиденцијата на Независното здружение на новинари на Србија, споменатиот случај е шести инцидент на новинари во Србија во изминатата недела. Пред „Данас“ беше нападната зградата на унгарската медиумска куќа во Суботица, трипати им се закануваа и нападнаа новинарите на телевизијата N1, а последниот беше напад врз тимот на веб-страницата „Нова.рс“.

    Бидејќи сите инциденти се случија непосредно пред Велигденските празници во Србија, а последниот случај има верска конотација, НУНС апелира до граѓаните да се воздржат од дејствија што не се во православен дух или која било друга вероисповест застапена кај нас. Ова секако треба да биде практика без разлика на верскиот календар.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка НУНС во осудата на заканите кон новинарите на ,,Данас”. Ги повикуваме надлежните институции во Србија да дејствуваат и да ја обезбедат безбедноста на новинарите. Се надеваме и дека надлежните ќе ја спроведат целата постапка брзо и ќе го казнат сторителот.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 23 април 2022 година

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружението на новинари на БиХ

    Хрватското здружение на новинари

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора