SafeJournalists: Страшни закани упатени кон новинарката Јелена Обучина во Србија

    0
    74
    photo: canva

    На Јелена Обучина, новинарка на телевизијата „Њузмакс Адриа“, денеска преку директни пораки на Твитер и се закануваа дека ќе биде на заклана и запалена, сето тоа прикажано во грозоморно сексуализиран контекст. Застрашувачката формулација се состои од постојани прецизно прикажани смртни закани и сексуално насилство. Случајот е пријавен во обвинителството.

    Овие закани дојдоа откако таблоидот ,,Ало” на својата веб-страница објави (а таблоидот Информер повторно реобјави) дека новинарот му се заканувал на Вучиќ во воведот на програмата „Дневник“ на 29 ноември дека ќе биде „погребан“. Овој таблоид злонамерно го протолкуваше нејзиниот вовед во кој во жаргон вели дека Вучиќ ќе се „закопа“ ако не се „памети“ за Косово и санкциите кон Русија.

    Жељко Бодрожиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), рече дека и овојпат страшни закани и навреди доаѓаат откако државните функционери и нивните пропагандисти се фокусираат на неподобните новинари и во нивните критички коментари наоѓаат атентати и заговори. „Јелена Обучина сега е изложена на организиран прогон на режимот и гледаме како овие лаги и спинови се пренесуваат до граѓаните, кои се индоктринирани и навистина мислат дека новинарот е непријател на Србија и на српскиот народ и може да испрати нејзините толку страшни пораки. НУНС ја поддржува колешката во нејзината професионална работа, која е примерна и во соработка со партнерските здруженија ќе направиме се за да ја заштитиме неа и нејзината редакција“, истакна Бодрожиќ.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка НУНС и ги осудува заканите кон новинарот.

    Мрежата SafeJournalists ги повикува надлежните институции во Србија итно да ги преземат сите мерки лицата кои му се заканувале на новинарот да бидат кривично гонети и казнети. На овој начин, институциите треба да покажат решителност во борбата против грозоморните закани кон новинарите и да испратат јасна порака дека ваквото однесување е неприфатливо.

    SafeJournalists мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

     

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 01.12.2022

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора