SJ: Закани кон мајката на српскиот новинар Ненад Кулачин дека нејзиниот син треба да биде обесен

    0
    126
    Foto: Pixabay

    Мајката на Ненад Кулачин, еден од авторите на подкастот „Добриот, лошиот и грдиот“, била вербално нападната на 3 октомври додека била во приватна посета на Бор. Еден маж и рекол дека „нејзиниот син треба да биде обесен“.

    Ненад Кулачин вели дека „таа била гостинка во таа куќа пред да се појави човекот и да каже дека треба да биде обесен“. „Мајка ми веднаш се спакува и побара две лица да ја испратат. Отпрвин таа не сакаше ништо да каже, ниту на мене, ниту на браќата, којзнае како би реагирале. Таа ми се јави следниот ден, навистина беше вознемирена. Ова веќе ја преминува секоја граница“, истакна тој.

    Тој вели дека „ова испрати порака дека секој не само што може да им се заканува, туку може да прави што сака“. „На сите оние кои се критичари на режимот. Покрај таа закана, јас и Марко со денови сме на удар од страна на актуелната власт и нивните медиуми за тоа што го правиме. Атмосферата што ја создадоа доведе до ова “, рече Кулачин.

    Ненад Кулачин, заедно со писателот и новинар Марко Видојковиќ, водат политичко-сатиричен подкаст емисија на телевизијата ,,NovaS”, поради што тие од неодамна станаа цел број еден на актуелната влада во Србија. Ова не е првпат Кулачин да биде нападнат поради својата работа. На пример, Александар Шапиќ, познат поранешен ватерполист, а сега истакнат член на Српската напредна партија, им рече на авторите, поточно на Марко Видојковиќ, дека ќе му го откорне срцето. Исто така, сеуште трае бруталната и валкана кампања против нив, бидејќи Видојковиќ го пцуеше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на емисијата.

    Жељко Бодрозиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија, рече дека „нападот врз мајката на Ненад Кулачин е црвен аларм не само за нашата професија, туку и за целото општество“. „Одговорноста на владата што влегува во десеттата година на владеење е преголема за ваква поделба. Нивниот најголем успех е нашата нетолеранција еден кон друг. „Ова веќе не е нормална ситуација, туку воена ситуација“, рече тој.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која обединува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува кон својот член, Независното новинарско здружение на Србија, во осудата за нападот врз член на семејството на новинарот. Мрежата ,,SafeJournalists” бара од српските институции, полиција и обвинителство да реагираат што е можно поскоро и да го најдат оној кој се заканувал. Исто така, ја изразуваме нашата длабока загриженост дека општеството е толку длабоко поделено во Србија и сакаме претставниците на државата да направат се што е во нивна моќ за да се намали тој јаз.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги извести сите релевантни домашни и меѓународни актери за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 5 октомври 2021 година

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Косовско здружение на новинари

    Здружение на новинари на БиХ

    Хрватското здружение на новинари

    Независно здружение на новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора