Павле Беловски, физички напад, Скопје, 20.11.2016

    0
    131
    Земјата
    Пол
    Датум
    Градот
    Вид на напад
    Од кого a : 1 : { i :
    Тип на медиум a : 3

    Pavle Beloski attackНовинарот Павле Беловски од ТВ „Телма“ беше нападнат пред Министерството за внатрешни работи во Скопје. Инцидентот се случил додека се спремал за пренос на вестите во живо, а во врска со истрагата иницирана од Специјалното јавно обвинителство за злоупотребата на полициските системи за прислушување.

     

    Брза реакција на полицијата

    Новинарот не бил посериозно повреден и превениран е поголем инцидент заради брзата реакција на полициските службеници што се наоѓале во близина.

    Министерството за внатрешни работи информираше дека новинарот Павле Беловски бил физички нападнат од К. П. без никаква причина. Напаѓачот бил вендаш приведен од полицијата.

     

    Реакции на новинарските здруженија

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудија физичкиот напад врз новинарот. „Нападот на новинарот Беловски е смислен атак врз слободата на медиумите оркестриран од одредени структури на МВР, кои сакаат да ги одвратат новинарите од намерата да известуваат за нивните опструкции на истрагата на СЈО. Дали инспираторите на синоќешниот напад се истите структури на МВР кои во исто време прават опструкции врз истрагата на СЈО во УБК и дали истите структури стојат зад досегашните нерасветлени напади врз новинари? Јалови се обидите преку напади и заплашување на новинари да се попречи и избегне правдата“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

    Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)го осуди вчерашниот физички напад врз новинарот. „Во овој случај сакаме да ја потсетиме јавноста дека станува збор за шести напад врз новинар на место на настан само во 2016 година, вели ССНМ. Ја поздравуваме брзата реакција на припадниците на МВР кои го привеле напаѓачот, но во истовреме искажуваме крајно незадоволство од бавната реакција на надлежните институции кои во крајна инстанца не ги решаваат овие случаи ниту брзо, ниту задоволително во поглед на правдата”.

    Македонската асоцијација на новинарите (МАН) побара од надлежните најитно да се расветли случајот бидејќи ова претставува атак врз слободата на изразувањето и атак врз новинарската фела.