Бараме кривична одговорност за експлицитните закани кон новинарката Рита Бехадини

    0
    53
    Земјата MK
    Име и презиме Рита Бехадини
    Пол Женски
    Датум 24/07/2023
    Градот Скопје
    Вид на напад Други закани кон новинарите
    Од кого Од страна на граѓанин
    Сторителот / осомничениот Фисник Хоџа
    Тип на медиум Онлајн
    Име на медиумот АЛСАТ
    Извор https://znm.org.mk/%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b5-%d0%ba%d1%80%d0%b8%d0%b2%d0%b8%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b4%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%bf%d0%bb/
    Државното правобранителство /
    Судска одлука /
    Судски статус /
    Дали здружението на новинари било информирано? Да
    Каква беше реакцијата на новинарското здружение? Јавна осуда и реакција
    Дали нападот е пријавен во полиција/власти? Случајот не беше пријавен во полиција Случајот беше пријавен во полиција

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара итна реакција за експлицитните закани упатени кон новинарката Рита Бехадини на нејзината објава во врска со јавниот став од страна на оџата од Сарај на социјалната мрежа Фејсбук.

    Колешката Бехадини денеска се обрати до ЗНМ со пријава дека во последните денови е мета на закани од лица со профили на социјалната мрежа Фејсбук, но посебно се одвојува една која содржи еклпицитна закана.

    Во објавата од извесен профил именуван како Fisnik Hoxha се посочува следната закана: ,,Ај избриши го постот што го напиша против оџата, семејството ќе ти го е****. Утре ќе дојдам пред Алсат, увото ќе ти го исечам со нож” и истата претставува директен повик за физичко насилство кон новинарката Бехадини со што се загрозува нејзината безбедност, а потенцијално и сигурноста на останатите колеги од овој медиум.

    Оваа експлицитна закана по животот на новинарката Бехадини е пријавена до Министерството за внатрешни работи (МВР) до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и во исто време ЗНМ ќе инсистира на брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на авторот или авторите на оваа закана.

    Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите, а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.

    За ваков тип на закани оваа година ЗНМ издаде Протокол за безбедност на новинарките на интернет  кој нуди практични чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на новинарите и медиумските работници со посебен фокус на жените новинарки.