Физички напад со секира кон новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути

    0
    240
    Земјата MK
    Име и презиме Неври Адеми
    Пол Mашки
    Датум 16/02/2022
    Градот Гостивар
    Вид на напад Закани по животот и екстремитетите на новинарите
    Од кого Од страна на граѓанин
    Сторителот / осомничениот Бурхан Хамити
    Тип на медиум Електронски
    Име на медиумот ТВ Полог
    Извор https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80-%d0%b8-%d1%81%d0%bd%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%b5-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%be/
    Прекршен закон и член (национален) Заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик.
    Дали здружението на новинари било информирано? Да
    Каква беше реакцијата на новинарското здружение? Јавна осуда со објавено соопштение и рекација до регионалната мрежа safejournalists, како и упатено реакција до меѓународните релевантни организации за јавна осуда на ваквите случаи.
    Дали нападот е пријавен во полиција/власти? Случајот беше пријавен во полиција Случајот беше инициран по службена должност од страна на Јавното обвинителство
    Закани по животот и безбедноста на новинарите Лице во лице или телефонски закани по живот или физички напади

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад кон нашите колеги од ТВ Полог, Тетово.

    Имено, денеска за време на снимањето инсерти за репортажа од основното училиште ,,Наим Фрашери” во село Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, Гостиварско околу 14:00 часот новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути, вербално а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.

    Според изјавите на нашите колеги, за потребите на репортажата за спроведувањето на проектите во училиштето додека тие снимале во училиштето Бурхан Хамити им се обратил со вербални навреди и закани, при што го фатил новинарот за глава и го туркал по скалите во училиштето.

    ЗНМ веднаш контактираше со новинарот на ТВ Полог Неври Адеми и тој ни потври за овој инцидент и ни даде конкретни информации дека: ,,Додека снимавме и работевме на репортажата со колегата снимател Збулим, ни се доближи лицето Бурхан Хамити и откако ни се обрати со погрдни зборови, ме фати за главата и ме буткаше по скалите. Потоа слезе во училишниот двор и почна да не брка со секира. Ние брзо влеговме во автомобилот и се упативме до полициска станица да го пријавиме нападот, а напаѓачот цело време не следеше со неговиот автомобил дури до селото Неготино, гостиварско,“ изјави Адеми.

    ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.