Физички нападната екипата на МИА во Скопје за време на денешниот протест

    0
    259
    Земјата MK
    Име и презиме /
    Пол Mашки
    Датум 26/02/2021
    Градот Skopje
    Вид на напад Напади врз медиумите или медиумските организации
    Сторителот / осомничениот /
    Дали здружението на новинари било информирано? Да
    Дали нападот е пријавен во полиција/власти? Случајот беше пријавен во полиција

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува денешниот напад врз екипа на Медиумската информативна агенција (МИА) која професионално известуваше за протестот поврзан за случајот ,,Монструм”.

    Според кажувањата на колегите од МИА имало обид да им се одземе опремата и турканици, при што снимателот бил турнат а неговата опрема оштетена.

    Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволив во демократски земји.

    Неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници.

     

    Фото: МИА