Подобрување на безбедноста на новинарите преку измена на кривичниот законик

    0
    320

    Целта на анализата е да им помогне на новинарите и медиумските работници, на судиите, на обвинителите, на адвокатите и на Министерството за правда за имплементирање на меѓународните стандарди за заштита на новинарите во Кривичниот законик (КЗ) во Република Северна Македонија. Со анализата се продолжуваат напорите на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) да ја подигне јавната свест за теми поврзани со безбедноста на новинарите и потенцијалната штета од воспоставената пракса на неказнивност на сторителите на дејствија насочени против новинарите. Анализата ја нагласува важноста на Кривичниот законик, како и на Законот за кривична постапка (ЗКП) на Република Северна Македонија (РСМ) во зајакнување на безбедноста на новинарите преку даден коментар за постапувањето на органите на гонење без оглед дали тоа било Јавното обвинителство на РСМ, во случаите кога се постапува кога е пријавено кривично дело или кога постапуваат комисиите за прекршоци при Министерството за внатрешни работи на РСМ, во услови кога се работи за пријавени прекршоци.