Показатели за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите 2019

    0
    219

    Новинарските здруженија од пет земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина,
    Северна Македонија, Црна Гора, Косово и Србија), со поддршка на Европската комисија, во 2016 година ги здружија напорите со цел да го следат и унапредат нивото на
    слобода на медиумите и безбедноста на новинарите во своите земји – создавајќи ја
    Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување за слобода на медиумите
    и безбедност на новинарите. Врз основа на заедничка методологија за истражување,
    развиена специјално за оваа цел, секоја година овие организации собираат податоци, ги проценуваат најновите случувања и спроведуваат активности за застапување за
    промена на политичкото, законското и институционалното опкружување во кое работат новинарите и медиумите.
    Постигнатите резултати во првиот тригодишен циклус покажаа дека здруженијата на
    новинарите од регионот можат да играат пресудна улога во притисокот за поголема
    слобода на медиумите. Постигнатите резултати се признаени од Европската комисија
    како клучен чекор кон целосна демократизација на балканските општества, што резултираше со нејзина одлука да продолжи со поддршката на Регионалната платформа и во наредните години2. Овој наративен извештај е изработен во рамки на четвртата регионална проценка на нивото на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите во Западен Балкан, спроведена во 2019 година