Показатели за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите

    0
    170

    Овој извештај ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во рамките на регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите”, која се спроведува од националните новинарски здруженија од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и од Србија. Оваа студија ја анализира во детали состојбата со слободата на говорот и слободата на медиумите во Македонија во последните три месеци од 2016 година и првите девет месеци од 2017 гoдина. Во студијата се анализира законската рамка поврзана со слободата на говорот, социоекономската положба и безбедноста на новинарите и е надополнување на минато-годишната студија на ЗНМ „Показатели за степенот на слободата на медиумите и за безбедноста на новинарите во Македонија”.