Преглед на состојбата со медиумите во Македонија

    0
    185

    Во Република Македонија, слободата на изразување и медиумите се сериозно потценети. Европската Унија, Американскиот Стејт департмент, специјалниот известувач на ОН, како и голем број невладини организации, повикуваат да се обрне внимание на влошената состојба на медиумите во државата. Најчесто истакнати предизвици се: неказнување на прекршителите на новинарски права, апсење на новинари, мешање на владата во медиумскиот пазар со помош на големи рекламни кампањи, политички и финансиски зависен медиумски регулатор и јавен сервис. Како резултат на тоа, новинарските права и слободата на медиуми се загрозени.