Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права

    0
    178

    Целта на оваа анализа е да даде генерална слика за обврските на државата во врска со правото на слободата на изразување, да ги посочи заемната поврзаност и упатеност на ова право со другите права и слободи гарантирани со Конвенцијата, но и обемот на заштитата на слободата на изразување. Поради бројните форми низ кои се пројавува правото на слободата на изразување, овде фокусот е на неколку од тие форми: слободата на изразување во поли- тиката, уметноста и граѓанското здружување, со посебен осврт кон новинарите и новинарското изразување.