Регионална конференција за безбедноста на новинарите во Балканот

0
350

СКОПЈЕ, 06.12.2016 Денеска во Белград се оддржува регионална конференција за безбедност на новинарите во балканските земји,  која се организира во рамките на проектот на Европската унија, спроведен од пет новинарски зруженија од регионот. Домаќин на настанот е Независото здружение на новинарите на Србија, а учествуваат и сите претставници на здруженијата од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и од Црна Гора.

Главните наоди на истражувањето за сите пет земји ги престави македонскиот експерт Снежана Трпевска, а поздравен говор имаше и шефот на Европската делегација во Србија, Мајкл Девентпорт.

За насилството врз новинарите во Македонија збореше претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој рече дека за четрири години во Македонија се регистрирани 43 напади против новинари, а како најбрутални примери ги спомна затварањето на новинари, како што е случајот на новинарот Томислав Кежаровски и Зоран Божиновски.

Селмани истакна дека македонските новинари се напаѓаат физички и вербално, се уништува нивниот имот, се прислушуваат и се спречуваат да известуваат од јавни настани. Според него, за Македонија карактеристично е што новинари напаѓаат високи претставници на власта, а полицијата место да ги заштити новинарите, станува дел на системот за нивно застрашување.  Пред улесниците на конферецнијата Селмани ги презентираше снимките како собраниското обезбедување ги избрка новинарите од галеријата во 2012 година и како вицепремиерот Владимир Пешевски го напаѓа новинарот Саше Ивановски.

Целта на власта, заклучи Селмани, е да ја ограничи слободата на говорот, да ја задуши јавната критика и да потикне самоцензура кај новинарите.

Скопје 06.12.2016

Здружение на новинарите на РМ