Такева и Лефков најдобри новинари од Штипскиот регион за 2016

0
306

СКОПЈЕ, 21.12.2016 Даниела Такева, дописничка на регионалната Телевизија „Стар“ од Штип и Горан Лефков, новинар од Центарот за истражувачко новинарство „СКУП“ – Скопје се добитници на признанието „Најдоброто од Истокот“ во сферата на информирање за 2016 година.

Одлуката Такева и Лефков да бидат добитници на ваквото престижно признание, кое Регионалиот центар на ЗНМ во Штил, го деделува секоја година за најуспешните луѓе од регионот, е донесена едногласно на состанокот на оддржан на 17 декември во Виница.

Членовите на ЗНМ од Регионалниот центар во Штип оценија дека Даниела Такева, како репортер која известува од Пијанечко-Малешевското подрачје, со нејзините инспиративни информативни прилози и со сериозниот и аналитички пристап, на јавноста секојдневно и нуди информации од значење за регионалната заедница. Такева, поради нејзината работа како новинар честопати била на удар на локалните власти, но таа никогаш не ја изневерила професијата, за што граѓаните имаат доверба во нејзината работа.

За истражувачкиот новинар Горан Лефков колегите за 2016 година посебно ги истакнаа неговите истражувачки стории за ВМРО ДПМНЕ како најбогата партија во Европа, за поврзаноста на Самсоненко со актуелната власт и документарниот филм за ФФМ. Тие оценија дека сториите на Лефков се аналитичи и убедливи, што е одлика на секој одговорен новинар.

Освен за годинешното признание за најдобар новинар, членовите на ЗНМ дебатираа и за положбата на новинарите, која според нивните искажувања,  постојано се влошува.

Скопје, 21.12.2016

Здружение на новинарите на Македонија