„Како што се шири пандемијата, така се отвора простор и за пандемијата на дезинформации, штетни здравствени совети и диви теории на заговор“, кажа првиот човек на светската организација.
„Медиумите го пружаат противотровот – проверени, научни, вести засновани врз факти и анализи“, кажа Гутиереш.
Тој ги повика владите низ светот да ги заштитат новинарите и сите оние кои работат во медиумите и да ја зачуваат слободата на медиумите, соопшти ОН.
Генералниот секретар на ОН истакна и дека привремените ограничувања на движењето кои се важни за сузбивање на ковид-19, не смеат да бидат злоупотребени како изговор за спречување на новинарите да ја вршат својата работа.
Во својата порака Гутиереш им се заблагодари на медиумите „на тоа што обезбедиле факти и анализи, што лидерите во сите сфери ги повикаа на одговорност и им ја кажаа вистината на носителите на моќта“. Тој особено ја истакна улогата на новинарите кои спасуваат животи известувајќи за здравствени теми.
„Ги повикуваме владите да ги заштитат медиумските работници, а да ја зајакнат и сочуваат слободата на медиумите, која е од суштинско значење за иднината на мирот, правдата и човековите права за сите“, кажа Гутиереш.