Мрежата SafeJournalists бара од ОБСЕ, Европската комисија и Советот на Европа итно да дејствуваат во врска со нападите врз српските медиумски работници

Мрежата SafeJournalists бара од ОБСЕ, Европската комисија и Советот на Европа итно да дејствуваат во врска со нападите врз српските медиумски работници

Мрежа SafeJournalists испрати писмо до г-дин Оливер Верхеjи, Еврокомесарот за соседство и проширување, г-дин Харлем Дезир, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите и г-ѓа Дуња Мијатовиќ, комесар на Советот на Европа за човекови права, барајќи од нив итно да се вклучат во тековните настани во Србија и одлучно да побараат од српските власти да создадат безбедно опкружување за сите медиуми и новинари кои преку својата посветена работа и покривање во живо го ризикуваат своето здравје и безбедност да им обезбедат на српските граѓани пристап до објективни информации за протестите.

Во писмото на мрежата се наведува дека новинарските здруженија од регионот се згрозени од насилното однесување врз колегите од Србија.

„Особено сме загрижени што припадниците на жандармеријата и полицијата се меѓу напаѓачите. Полициските сили треба да создадат услови за новинарите да работат на безбеден и достоинствен начин според националните закони и меѓународните стандарди. На снимките од протестите се прикажани полицајци кои се појавуваат во улога на насилници кои ги тепаат новинарите и ги спречуваат да работат. Оние што треба да ги штитат новинарите се претворија во напаѓачи – тоа е пораз на медиумските слободи и сите други демократски вредности на српското општество“.

Писмото дава информации за минимум 16 медиумски работници кои биле нападнати во последните неколку дена:

На 7 јули, двајца сниматели на Новинската агенција Танјуг биле физички нападнати од демонстрантите, полицајци во цивилна облека се обиделе да ја запрат новинарката на ТВ N1, Јелена Зориќ и снимателот Александар Цвркиќ додека снимале полицајци како тепаат демонстрант во паркот пред српското претседателство. Освен тоа, полицијата оствари непотребен физички контакт и со Милица Божиновиќ, новинарка на порталот Нова С.

На 8 јули, известувачот на Бета, Жикица Стевановиќ, се здоби со повреди на главата откако беше нападнат од полицијата додека неговите колеги Лука Преџа и Реља Пекиќ беа полесно повредени. Милица Божиновиќ и Наташа Латковиќ од порталот Нова С исто така беа физички нападнати од полицијата која ги спречи да ги снимаат протестите. Новинарите на РТС, Милан Срдиќ и Лазар Вукадиновиќ биле физички нападнати од демонстрантите во Нови Сад додека биле во Ниш, а нивните колеги од РТС доживеале физички напади и вербални навреди од демонстрантите.

На 9 јули, иако протестот беше претежно мирен, фото репортерот од порталот Нова С, Воислав Милованчевиќ беше брутално нападнат од мажи во црни кошули со капи. Миловановиќ бил погоден во пределот на вратот со остар предмет и бил примен во ургентниот центар. Неговиот колега од Нова С, сè уште не именуван, бил нападнат од група мажи што фрлале камења. Новинарката на Insajder.net, Ирена Стевиќ, била нападната од двајца мажи кои и го зграбиле телефонот што го користела за снимање на полициски кордон. Еден од нив кажал дека е од Државната разузнавачка служба, но одбил да се легитимира.

На крајот од писмото се наведува дека секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократија и права на сите граѓани.