ВЛАСТА МОРА ДА ЈА ГАРАНТИРА БЕЗБЕДНОСТА НА НОВИНАРИТЕ

0
335

На Светскиот денот на слободата на печатот (мај 3 2018) Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и правата на новинарите, која брои повеќе од 8000 членови, ги повикува властите од регионот да ги заштитат новинарите и да работат на подобрување на слободата на печатот.

Светскиот ден на слободата на печатот е прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во декември 1993 година, следејќи ја препораката на генералната конвенција на УНЕСКО. Од тогаш, 3 мај, годишнината од декларацијата на Виндхок, се слави низ светот како ден на слободата на печатот.

Темата на овогодинешниот ден ја потенцира важноста за овозможување правна средина за слободата на печатот, и дава специјално внимание на владеењето на правото на независно судство за обезбедување правна основа за слобода на печатот и казнување на нападите врз новинарите. Во извештајот, платформата ги потсетува владите од Западен Балкан дека од почетокот на 2014 година има регистрирано вкупно 446 напади врз новинари и сè уште само мал број се решени од надлежните институции.

Уште од почетокот на 2014 година имаме забележано 3 обиди за убиство на новинари, 103 физички напади, 257 закани по нивниот живот, 48 напади врз нивниот имот и 5 незаконски апсења во целиот регион.

Највисокиот број на напади се регистрирани во Србија 143, во Босна и Херцеговина 102, во Косово 77, во Македонија 59, во Хрватска 43 и Црна Гора 31.

Евидентно е дека новинарите од Западен Балкан сè уште работат во небезбедни услови. Затоа платформата ги повикува владите на сите држави да ги зголемат напорите во истрагите на нападите и да овозможат побезбедни услови за работа.

Платформата ги охрабрува сите новинари да ги пријават инцидентите и случаите во кои добиле закани или биле нападнати во работно време.

Платформата силно ги поддржува напорите на новинарските и медиумските организации во одбрана на новинарите и слободата на изразувањето, исто така нивниот напор во борбата против неказнивоста за злоделата врз новинарите.

Секој напад на новинар е напад врз слободата на изразувањето.