Новинарските здруженија од регионот остро го осудуваат нападот врз новинарот од БиХ Неџат Латиќ

0
400
Source/Photo: BHJA

САРАЕВО, 24-02.2017. – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8000 членови, остро го осудува физичкиот напад врз Неџат Латиќ, новинар и уредник на порталот The Bosnia Times од Сараево. Нападот се случил во вторникот на пладне, пред зградата во која живее Латиќ, брзо откако ја напуштил џамијата во која бил на молитва.  

Нападот врз Неџат Латиќ со кој му нанесоа тешки телесни повреди, претставува брутален напад врз новинарот и врз слободата на изразувањето, но претставува и напад врз безбедноста на новинарите. Истовремено, тој претставува еден вид на притисок врз слободата на медиумите за да не известуваат критички за случувањата во БиХ, вклучувајќи го тука и однесувањето на вахабистите.

Платформата изразува длабока загриженост за овој, но и за другите напади врз новинарите. Бараме итно да се истражи нападот врз новинарот Латиќ, да се идентификуваат насилниците и да се дознае мотивот за нападот, истовремено бараме надлежните институции да ги преземат сите правни мерки.

Новинарското здружение на БиХ регистрираше 24 случаи на напади и закани кон новинарите во 2017 година, меѓутоа само мал дел од нив завршија на суд.

Платформата ќе испрати писма до сите релевантни институции во Босна и Херцеговина, барајќи од нив да сторат се за да спречат било каков вид на насилство врз новинарите, итно да ги истражат сите факти и докази за овој случај и конечно да почнат да дејствуваат во однос на нив. Со тоа, тие ќе испратат силна порака во јавноста дека ваквото однесување не е прифатливо. Исто така, Платформата ќе ги пријави овие случаи во Mapping media freedom, платформа за промоција на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите.

Регионалната платформа силно го поддржува Здружението на новинарите на БиХ во своите напори да ги заштити новинарите и слободата на говорот.

Исто така, платформата ги повикува меѓународните организации кои се бават со заштита на слободата на изразувањето и правата на новинарите да побараат од властите на БиХ итно да ги најдат нацилниците и да ги изнесат пред лицето на правдата.

Нападите и заканите кон новинарите претставуваат директен напад кон слободата на говорот и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинарите е напад на јавниот интерес, демократија и правата на сите граѓани.

 

Регионална Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност , Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalist Association of Serbia