СКОПЈЕ, 01.11.2016 Очекуваме покренатата истрага по итна постапка дека ќе ги утврди околностите во врска со оштетувањето на автомобилот на Лековиќ.
Новинарските здруженија од регионот на Западен Балкан предупредуваат дека овој случај е само кулминација на готово секојдневните закани, навреди и притисоци на Сашо Лековиќ кои следат по неговиот избор за претседател на Хрватското здружение на новинарите во 2015 година. Многу е важно Хрватска да ги препознае заканите на новинарите како директни закани врз слободата на говорот и демократијата, и бараме сите досегашни напади врз Лековиќ и другите новинари да бидат процесуирани ефикасно и со соодветна сериозност.
Новинарските здруженија од регионот на Западен Балкан изразуваат солидарност со колегата Лековиќ и ја предупредуваат Владата на Република Хрватска дека само со ефикасна истрага и со казнување на сторителите во овој случај може и практично да се покаже демократичноста и реалната посветеност на европските вредности, во кои слободата на изразување и сигурноста на новинарите претставуваат основни човекови права.
Здружение на новинарите на Македонија
Здружение на новинарите на Босна и Херцеговина
Здружение на новинарите на Хрватска
Здружение на новинарите на Косово
Синдикат на медиуми на Црна Гора
Независно здружение на новинарите на Србија
01.11.2016 година