Регионалната платформа остро ги осудува заканите и притисоците врз новинарите и раководството на РТВ

0
406
Source/Photo: Safejournalists.net

БИХАЧ, 29.06.2018. –  Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, остро ги осудува заканите и притисоците врз новинарите и менаџментот на РТВ од кантонот Уна-Сана. 

Со месеци членови на Владата и Собранието на кантонот Уна-Сана им се закануваат на новинарите и уредниците на РТВ и ги доведуваат во понижувачка и небезбедна положба. Политичкото раководство на кантонот Уна-Сана има за цел да го замени целото раководство на РТВ УСК, вклучувајќи го и директорот г-дин Изет Мустафиќ и да назначи нов надзорен одбор и нов директор.

Како што наведува новинарот од РТВ УСК, целата ситуација се влошува и заканите стануваат се почести и насилни: “Премиерот на кантонот Уна-Сана, Хусеин Рошиќ, ни се закани со полициска интервенција доколку директорот Изет Мустафиќ и управата на РТВ УСК не се отпуштени до четврток, на 28 јуни“.

Претседателот на Босанското здружение на новинарите, Марко Дивковиќ, рече: “Можеме да видиме еден класичен пример за врбување на уредници со цел да им служат на владејачките политички партии. За жал, РТВ на кантонот Уна-Сана не е единствениот медиум што се соочува со такви притисоци. Ова се неприфатливи прекршувања на слободата на медиумите во БиХ“.

Во БиХ оваа година се регистрирани 5 закани врз новинари од страна на политичарите.

Нападите и заканите кон новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинар претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на граѓаните.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 02.07.2018.

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association o.f Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association Serbia