Кампањата за дискредитација на социјалните медиуми, сексистичките напади и заканите за безбедноста на новинарите во Северна Македонија

Кампањата за дискредитација на социјалните медиуми, сексистичките напади и заканите за безбедноста на новинарите во Северна Македонија
photo: canva
  • Информации за случајот

  • Лични информации

  • Регионален центар
    Скопје
  • Кој беше нападнат?
    Група
  • Имиња и презимиња на членовите на групата
    ИРЛ, 360 степени, БИРН
  • Медиумски медиум

  • Име на медиумот
    ИРЛ, ПРИЗМА, 360 степени
  • Вид на медиумска платформа
    Онлајн медиуми
    Друго
  • Извор на информации за инцидентот
    https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d1%81%d0%bd%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%b7%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b3%d0%b5/
  • Податоци за инцидентот

  • Датум на инцидентот
    26.02.2025
  • Градот
    Скопје
  • сторител(и)
    Познато (осомничено)
  • Нападнати од
    Јавно лице(и)
  • Средства за инциденти и напади
    Објави или коментари на социјалните мрежи
    Преку медиуми (емитување, печатење, онлајн)
  • Вид на инцидент
    life_threat
  • Акција на властите

  • Акција преземена од здружението на новинари

  • Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?
    Да
  • Каква беше реакцијата на новинарското здружение?
    Здружението јавно реагираше
    Здружението испрати писмо за загриженост до институциите
    Здружението ги информирало меѓународните организации и институции
    Здружението обезбеди правна поддршка

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) најостро ги осудуваат јавните објави на поранешниот уредник на една национална телевизија, Драган Павловиќ Латас, кој во изминатите денови преку приватна страница на социјалната мрежа Фејсбук таргетира новинари од неколку медиуми, злоупотребувајќи приватни фотографии од нивните профили и користејќи ги во своите објави.

Меѓу таргетираните медиуми се Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), 360 степени, БИРН Македонија, како и други организации кои работат на заштита на човековите права.

Во неговите објави, Латас пласира неосновани обвинувања и теории на заговор, чија цел е дискредитација на новинарите и медиумите што професионално информираат за релевантни општествени прашања. Оваа стратегија на таргетирање и јавно стигматизирање на новинарите, кои добиле признанија на национално и меѓународно ниво за својата работа, во мандатите на различни влади, претставува сериозен напад врз слободата на изразување и независното новинарство во државата.

Посебно загрижувачки е што ваквата реторика не само што поттикнува говор на омраза, туку и доведува до сериозни закани кон новинарите, при што новинарките стануваат посебна мета на сексистички и мизогини напади во коментарите под објавите на Латас.

 

„Ова се ороспии, нема работа од нив“, „овие не се човек да ги коментира, може човек да ги види и на паркинг плац кај камионџиите“, „Мислам дека за брзо ќе има уништување на документи или подметнати пожари во просторииве на платениве курветини..“, „и тие да изгорат со документите, најдобро ќе биде!“, се само дел од коментарите.

Освен ова, дел од заканувачките коментари под објавите на профилот на Драган Павловиќ Латас се од профили на социјалните мрежи на лица со криминално минато и контроверзни поединци, што ја зголемува загриженоста за безбедноста на новинарите што работат во овие медиуми.

Ги потсетуваме корисниците на социјалните мрежи дека загрозувањето на безбедноста на новинарите е кривично дело, исто како и ширењето говор на омраза, за што македонските судови имаат судска пракса за изрекување строги санкции.

Истовремено, ја повикуваме јавноста да препознае и осуди вакви обиди за дискредитација и загрозување на новинарите, а од надлежните институции – Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство – бараме итна реакција и преземање мерки за заштита на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите.