Напад на медије и удрожења, онлајн напади кон „Слободен печат“, 07.04.2026.

Напад на медије и удрожења, онлајн напади кон „Слободен печат“, 07.04.2026.

Translations: English 

  • Информации за случајот

  • Лични информации

  • Регионален центар
    Скопје
  • Кој беше нападнат?
    Организација
  • Име на организацијата
    Слободен печат
  • Медиумски медиум

  • Име на медиумот
    Слободен печат
  • Вид на медиумска платформа
    Телевизија
    Онлајн медиуми
  • Податоци за инцидентот

  • Датум на инцидентот
    07.04.2026
  • Градот
    Скопје
  • Дали властите биле информирани?
    Случајот бил пријавен во полиција
    Случајот е пријавен во Обвинителството
  • сторител(и)
    Непознат
  • Нападнати од
    Организирани групи
    Ботови
  • Средства за инциденти и напади
    Апликации за разговор
    Објави или коментари на социјалните мрежи
  • Вид на инцидент
    Напади врз медиуми и организации
  • Вид на напад
    Хакерски напад
  • Акција на властите

  • Правен статус на случајот
    Постапката е во фаза на прибирање информации за сите околности на случајот
  • Вид на повреда
    Хакерски напад
  • Акција преземена од здружението на новинари

  • Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?
    бр
  • Каква беше реакцијата на новинарското здружение?
    Здружението јавно реагираше

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на повторените координирани ботски напади врз официјалните Инстаграм профили на медиумот „Слободен печат“, од кои последните два се случија во изминатите 48 часа, вклучително и нападот од утринава.

Според достапните информации, во рок од неколку минути илјадници сомнителни профили, најчесто од странство, масовно реагирале со лајкови на објави на инстаграм профилите на Слободен печат, што укажува на организирана и малициозна активност со цел нарушување на дигиталниот интегритет на медиумот.

Овие инциденти не се изолирани, туку се дел од серија повторени напади во изминатите пет месеци, што укажува на јасен и загрижувачки образец на систематско дигитално вознемирување и притисок врз медиум. Таквите напади претставуваат сериозна закана за слободата на медиумите, нивната независност и правото на јавноста да биде информирана. Особено загрижува фактот што платформата „Мета“, во чиј состав е Инстаграм, не обезбедува ефикасни механизми за заштита на јавните медиумски профили од ваков тип на напади.

Препораките за „заклучување“ на профилите се неприфатливи за медиумите, бидејќи тоа директно го ограничува нивниот досег, транспарентност и улога во јавниот интерес.

Оттука, очекуваме Министерството за внатрешни работи и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика да постапат итно, да ги истражат овие напади, да го утврдат нивното потекло и да преземат соодветни мерки за санкционирање на одговорните.

Воедно, ги повикуваме надлежните институции да развијат системски механизми за заштита на медиумите од дигитални напади, како и да ја зајакнат соработката со меѓународните технолошки компании со цел спречување на ваквите злоупотреби.