Шест новинарки мета на родово базирано онлајн вознемирување

Шест новинарки мета на родово базирано онлајн вознемирување

Translations: English 

  • Информации за случајот

  • Лични информации

  • Регионален центар
    Скопје
  • Кој беше нападнат?
    Група
  • Имиња и презимиња на членовите на групата
    група на новинари Сашка Цветковска, Деница Чадиковска, Маја Јовановска, Драган Николовски, Мирослава Симоновска, Јована Костадиновска, Марина Илиевска Доковска
  • Медиумски медиум

  • Име на медиумот
    МРТВ, ИРЛ, Слободен Печат
  • Вид на медиумска платформа
    Телевизија
    Онлајн медиуми
  • Податоци за инцидентот

  • Датум на инцидентот
    01.10.2025
  • Градот
    Скопје
  • Дали властите биле информирани?
    Случајот не бил пријавен кај властите
    Случајот бил пријавен во полиција
    Случајот е пријавен во Обвинителството
  • сторител(и)
    познат (осуден)
  • Нападнати од
    (обични) граѓани
  • Средства за инциденти и напади
    Објави или коментари на социјалните мрежи
  • Вид на инцидент
    Други закани за новинарите
  • Вид на закана
    Агресивни, вознемирувачки или дискриминаторски изјави
  • Акција на властите

  • Акција преземена од здружението на новинари

  • Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?
    Да
  • Каква беше реакцијата на новинарското здружение?
    Здружението јавно реагираше

На 2 октомври 2025 година, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го исклучи Зоран Божиновски од членство по одлука на Советот на честа, кој утврди сериозни и повторени прекршувања на повеќе одредби од националниот Кодекс на новинарска етика. ЗНМ заклучи дека серијата негови неодамнешни објави на Фејсбук поттикнале родово базирано вознемирување кон новинарки, ја нарушилe нивната репутација и приватност, како и дека предизвикала злонамерни коментари кои охрабруваат говор на омраза и закани. Одлуката следеше по пет поднесени претставки од засегнатите новинарки, а ЗНМ истакна дека ваквото однесување придонесува за непријателска средина и го зголемува ризикот за безбедноста на жените новинарки.

На 7 октомври 2025 година,  исто така и медиумскиот регулатор  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) јавно го осуди јазикот што го користел новинарот и уредник на порталот burevesnik.info, Зоран Божиновски, во серија објави на Фејсбук насочени кон новинари. АВМУ оцени дека неговите објави содржат крајно вулгарни изрази и клеветнички тврдења без никаква аргументациска основа, со кои се нарушуваат етичките стандарди и се создава непријателска средина што може да доведе до притисоци, заплашување и, во најтешките случаи, физичко насилство врз медиумските работници.

Овие објави и натаму се јавно достапни на Фејсбук и продолжуваат да генерираат непријателски коментари насочени кон засегнатите новинарки.