Информации за случајот
Лични информации
- Регионален центарСкопје
- Кој беше нападнат?Новинар
- ПолЧовек
- Име на жртва(и).Александар Видиновски
Медиумски медиум
- Име на медиумотКАНАЛ 5
- Вид на медиумска платформаТелевизија
- Извор на информации за инцидентотhttps://kanal5.com.mk/znm-gi-osuduva-serioznite-onlajn-napadi-navredi-kon-novinarot-na-kanal-5-televizija-aleksandar-vidinovski/a738816
Податоци за инцидентот
- Датум на инцидентот03.02.2026
- Градотскопје
- Дали властите биле информирани?Случајот бил пријавен во полиција
Случајот е пријавен во Обвинителството - сторител(и)Непознат
- Нападнати од(обични) граѓани
- Средства за инциденти и нападиОбјави или коментари на социјалните мрежи
- Вид на инцидентЗакани по животите и физичката безбедност на новинарите
- Вид на заканаЕксплицитно - на новинар(и)
Акција на властите
- Полициска акцијаПостапката е во тек од страна на МВР
- Јавно обвинителствоОЈО постапи и отвори предмет против заканувачите
- Правен статус на случајотПостапката е во фаза на прибирање информации за сите околности на случајот
Постапката е во истражна фаза - Вид на повредаБезбедносна закана
Акција преземена од здружението на новинари
- Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?Да
- Каква беше реакцијата на новинарското здружение?Здружението јавно реагираше
Здружението обезбеди правна поддршка
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува сериозните онлајн напади, навреди, омаловажувања и смртни закани упатени кон новинарот на Канал 5 Tелевизија, Александар Видиновски, по објавата на неговото видео на социјалните мрежи за непрописно паркираните возила на тротоарот пред објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Пораките со навредлива, шовинистичка и содржина која содржи омраза, како и директните закани по живот („смрт за вас“), претставуваат сериозно кршење на правото на слобода на изразување и директна закана по безбедноста на новинарот. Ваквите напади имаат за цел да извршат притисок и заплашување поради професионално известување за прашање од јавен интерес.
ЗНМ преку својот адвокатски тим му обезбеди правна помош на новинарот Александар Видиновски, и поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи. Очекуваме надлежните институции итно да постапат, да ги идентификуваат сторителите и да обезбедат соодветна институционална реакција, согласно законските надлежности.
Потсетуваме дека новинарот Видиновски известувал за проблем од јавен интерес – непрописно паркирање на јавна површина, за кое реагираа и граѓани, а за кое став изнесе и Министерството за внатрешни работи. Новинарите не смеат да бидат мета на закани, навреди и говор на омраза поради својата професионална работа.
ЗНМ изразува целосна поддршка и солидарност со колегата Александар Видиновски и апелира до институциите ваквите случаи на онлајн насилство и говор на омраза кон новинарите да не остануваат неказнети.
Здружението ќе продолжи внимателно да го следи случајот и да ги користи сите расположливи механизми за заштита на новинарите и медиумските работници.