Translations: English
Информации за случајот
Лични информации
- Регионален центарСкопје
- Кој беше нападнат?Група
- Имиња и презимиња на членовите на групатаредакцијата на ИНФОМАКС и новинарите
Медиумски медиум
- Име на медиумотИНФОМАКС
- Вид на медиумска платформаОнлајн медиуми
- Извор на информации за инцидентотинфомакс
Податоци за инцидентот
- Датум на инцидентот10.12.2025
- ГрадотСкопје
- Дали властите биле информирани?Случајот не бил пријавен кај властите
Случајот бил пријавен во полиција
Случајот е поведен по службена должност од властите - сторител(и)Познато (осомничено)
- Нападнати од(обични) граѓани
- Средства за инциденти и нападиЛично
Преку медиуми (емитување, печатење, онлајн) - Вид на инцидентНапади врз медиуми и организации
- Вид на нападИнвазија или вандализирање на внатрешноста на деловните простории
Акција на властите
- Полициска акцијаThe police conducted an inspection, and the attacker has been detained
- Јавно обвинителствоThe Public Prosecutor’s Office is acting on the case and has proposed a detention measure.
- Судска постапкаPerpetrator is convicted
- Правен статус на случајотПостапката е во фаза на прибирање информации за сите околности на случајот
Постапката е во истражна фаза
Насилникот е осуден - Вид на повредаБезбедносна закана
Друго Акција преземена од здружението на новинари
- Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?Непознат
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата.
Според информациите од колегите од Инфомакс, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата за време на емисијата. Напаѓачот започнал агресивно да удира и тропа по влезната врата, која била заклучена и обезбедена со шифра. По кратко време, успеал насилно да ја скрши и да влезе во дворот на редакцијата. Во моментот кога екипата направила пауза од емитувањето, новинарот Милош Милошевски излегол да провери што се случува. Напаѓачот, продолжил да се движи кон другиот дел од објектот, каде што со сила искршил уште една врата обидувајќи се да стигне до студиото
Според сведочењата нa колегите, лицето упатувало навреди и закани по живот, а насилното упаѓање во редакцијата довело и до насилно прекинување на емитувањето на програмата, со што директно било спречено новинарите да ја вршат својата професионална должност и слободно да информираат.
Ваквото однесување, може да биде опфатено со одредбите од член 382 од Кривичниот законик Спречување службено лице во вршење службено дејствие, со предвидени казни до три години затвор, со оглед дека напаѓачот насилно упаднал во студиото, кршел инвентар и насилно ја прекинал работата на новинарите а со тоа и нивната обврска слободно да информираат.
Овој инцидент претставува сериозно нарушување на безбедноста на медиумските работници и директен напад врз слободата на изразување. Настанот уште еднаш ја потсетува јавноста и институциите на неопходноста од обезбедување безбедна и заштитена средина за работа на медиумите.
Бараме најстрога санкција за сторителот, со цел спречување на идни напади и нулта толеранција кон насилство врз новинари.
Очекуваме сите надлежни институции, вклучително и полицијата и обвинителството, да постапат професионално, ефикасно и без одлагање, со цел случајот целосно да се расчисти во најкус можен рок.
ЗНМ ќе продолжи внимателно да го следи случајот и ќе реагира секогаш кога е загрозена безбедноста на новинарите и медиумските работници.