Мрежата SafeJournalists остро го осудува нападот врз новинарот на „Политички Глобус“ Дарко Симиќ и бара полицијата конечно да ги обезбеди непреченото работење на новинарите при известувањето за настани од јавен интерес.
За време на цивилен протест во Нови Белград, додека колоната на протестот минуваше покрај просториите на Српската напредна странка (СНС), пред кои беше собрана друга група граѓани, неколку новинари стоеја во близина и снимале настанот. Во еден момент, лице од групата пред просториите на СНС тргна кон новинарот Симиќ, кој имаше видливо истакната новинарска легитимација, му удри шамар во лице и го турна, викајќи: „Што снимаш?“
Независното здружението на новинари на Србија (НУНС) потсетува дека физичките напади врз новинарите претставуваат незаконско однесување и директен напад врз слободата на медиумите. Честа појава на напади врз новинари и медиумски работници додека известуваат за настани, често без никакви последици за напаѓачите, е алармантна. Потсетуваме дека на полицијата ѝ е задача да обезбеди безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници кои известуваат за јавни настани и да реагира веднаш при напади, согласно своите законски обврски. Секое неисполнување на ова сериозно ја загрозува слободата на медиумите и правото на информации.
Во конкретниот случај, Симиќ веднаш се обратил кон полицаец кој првично му рекол да пријави настанот во најблиската полициска станица, но потоа ги презел неговите информации и изјавил дека ќе биде покрената постапка.
Мрежата SafeJournalists повикува надлежните институции да спроведат брза, независна и ефикасна истрага за овој настан и во согласност со законот да го санкционираат сторителот. Навремена, одлучна и транспарентна реакција од страна на властите е неопходна за да се испрати јасна и недвосмислена порака дека секое насилство врз медиумските работници е неприфатливо и нема да биде толерирано. Заштитата на новинарите е темел на слободно и демократско општество, а државата е должна да ја гарантира нивната безбедност додека ја извршуваат својата работа во јавен интерес.
Мрежата SafeJournalists ќе ги информира националните и меѓународните чинители за овој настан и ќе продолжи да ја следи ситуацијата.
Секој напад врз новинарите е напад врз демократијата, јавниот интерес и основните човекови права.
Пристина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 06.08.2025.
Хрватско здружение на новинари
Здружение на новинари на Косово
Здружение на новинари на Македонија
Здружение на новинари на БиХ
Независно здружение на новинари на Србија
Синдикат на медиуми на Црна Гора