Мрежата SafeJournalists го осудува хомофобичниот напад врз претседателот на Здружението на новинари на Албанија

Мрежата SafeJournalists го осудува хомофобичниот напад врз претседателот на Здружението на новинари на Албанија
photo: canva

Мрежата SafeJournalists изразува длабока загриженост поради погрдна и хомофобична статија креирана против новинарот Иса Мизирај и Здружението на новинари на Албанија (AGSH). Овој напад следува по посветените напори на AGSH да ги документира и да ја подигне свеста за тековната ситуација поврзана со полициската блокада на медиумските куќи на Focus Media Group и настани кои следеа.

Таквиот јазик и личните напади се неприфатливи, особено кога се насочени кон новинари кои ја извршуваат својата професионална должност да ја бранат слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана. Овие тактики не само што се обидуваат да ја дискредитираат нивната работа, туку и создаваат непријателска клима за слободното вршење на новинарството во Албанија.

Го повикуваме Комесарот за заштита од дискриминација, Народниот правобранител, Алијансата против говор на омраза и сите релевантни институции итно да ја истражат дискриминирачката природа на оваа статија и да преземат конкретни мерки, вклучувајќи и силна јавно осуда на таквата реторика, со цел да се спречи говорот на омраза и личните напади да имаат место во јавниот дискурс.

Се солидаризиранме со колегата Иса Мизирај, AGSH како и со сите новинари и бранители на јавниот интерес во Албанија кои работат под притисок и закани за да обезбедат јавноста да има пристап до точни, навремени и независни информации.

Секој напад врз новинарите е напад врз демократијата, јавниот интерес и основните човекови права.

Пристина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 14 август 2025

Хрватско здружение на новинари
Здружение на новинари на Косово
Здружение на новинари на Македонија
Здружение на новинари на БиХ
Независно здружение на новинари на Србија
Синдикат на медиуми на Црна Гора