ЗНМ со предавање за медиумска писменост пред идните оратори

ЗНМ со предавање за медиумска писменост пред идните оратори

Клубот на оратори FORUM ORATORES кој функционира во рамките на Правниот факултет во Скопје, на 9ти мај го одржа настанот „Јавно говорење, сценски настап и медиумска писменост“, чија мисија е поттикнување на реторичка и медиумска култура кај младите.

На тема – медиумска писменост говореше Билјана Настеска – Каланоска од Здружението на новинарите на Македонија. Обуката се реализираше преку интерактивни предавања, дискусии и практични активности, каде учесниците имаа можност да се запознаат со јавниот говор како суштинска алатка за комуникација во општеството, како и со основите на македонскиот стандарден јазик, правилниот изговор, сценскиот настап, правописот и реторичката вештина.

На настанот, покрај Настеска-Каланоска, пред студентите зборуваа проф. м-р Митра Мими Спасова и актерката Изабела Јакимова.