Во рамките на Академијата за новинари и медиумски работници, Т-АЈМ, на 21 и 22 мај 2025 година во Клубот на новинарите во Скопје, се одржа дводневна обука на тема „Нови технологии и дигитална безбедност“. Обуката беше наменета за новинари и медиумски работници со цел да се зголемат нивните капацитети за безбедно користење на дигиталните алатки и технологии во секојдневната работа.



Обучувачи беа Александар Методијев, Суад Сефери и Александар Манасиев. Преку интерактивни предавања и практични вежби, учесниците имаа можност да се запознаат со:
- Основите на дигитална безбедност и заштита на личните податоци,
- Безбедно користење на уреди и социјални мрежи,
- Предизвиците на новинарството во дигиталната ера,
- Специфични мерки за заштита на новинар(к)и на интернет,
- Автентикација и управување со лозинки,
- Реагирање на дигитални закани преку симулирани сценарија.
На крајот од обуката, учесниците ги споделија своите впечатоци и препораки преку евалуациски прашалници, истакнувајќи ја важноста на вакви иницијативи за подобрување на личната и професионалната безбедност.

ЗНМ останува посветено на градењето на отпорна медиумска заедница преку едукација, поддршка и заштита на новинарите во дигиталната средина.