SafeJournalists: Опасно етикетирање на АГК и медиумите од страна на членот на ДИК од „Самоопределување“, Сами Куртеши

SafeJournalists: Опасно етикетирање на АГК и медиумите од страна на членот на ДИК од „Самоопределување“, Сами Куртеши

Мрежата SafeJournalists најостро ги осудува неодговорните и исклучително опасни изјави на Сами Куртеши, член на Централната изборна комисија од редовите на владејачкото движење „Самоопределување“ во Косово, упатени кон Здружението на новинари на Косово (АГК) и медиумите во земјата.

Г-дин Куртеши ја означи АГК како „Алијанса на криминални групи“, а новинарите и повеќе медиуми ги нарече „платени убијци“. Овие навреди уследија по јавната осуда од АГК за неговото однесување кон новинарите по седницата на ДИК одржана претходниот ден.

Мрежата SafeJournalists ги смета овие изјави за исклучително запаливи и целосно неосновани, со што директно се доведуваат во ризик АГК, новинарите и медиумите при извршување на нивните професионални обврски. Ова не е првпат г-дин Куртеши да ги таргетира медиумите со речник што е недостоен за одговорната позиција што ја извршува.

Мрежата SafeJournalists го повикува вршителот на должност премиер Албин Курти и неговата политичка партија „Самоопределување“ конечно да ставaт крај на оваа штетна практика.

Мрежата SafeJournalists изразува целосна поддршка и солидарност со нашиот член, АГК, кој мора да може слободно да ја извршува својата мисија за унапредување на безбедноста и сигурноста на новинарите во Косово, без притисоци и политички влијанија.

Секој напад врз новинарите е напад врз демократијата, јавниот интерес и основните човекови права.

Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица – Тирана, 4 декември 2025

Хрватско новинарско друштво
Здружение на новинари на Косово
Здружение на новинарите на Македонија
Здружение на новинари на БиХ
Независно здружение на новинари на Србија
Синдикат на медиумите на Црна Гора