Мрежата SafeJournalists, заедно со Европската федерација на новинари (EFJ) и нејзините организации-членки во Албанија, на 24 мај 2025 година испратија писмо на загриженост до ABC News Albania во врска со наводни закани за трудовите права во оваа медиумска куќа.
Мрежата SafeJournalists и EFJ внимателно ги следат извештаите во кои се тврди дека во ABC News Albania се прават еднострани и ненajавени промени во договорите за вработување на новинарите и медиумските работници, односно дека редовните договори за вработување се заменуваат со хонорарни договори.
Со оглед на потенцијалните последици од ваквите промени врз сигурноста на работното место, економската стабилност и усогласеноста со албанскиот Закон за работни односи, како и со меѓународните стандарди за труд, со почит бараме од ABC News да обезбеди појаснување за пријавените промени во договорите и нивната законска основа.
Во писмото, SJN и EFJ побараа информации за:
-
Природата и обемот на неодамнешните промени во договорите во ABC News Albania.
-
Постапките што биле следени за спроведување на овие промени, вклучително и претходна консултација и известување на засегнатите вработени.
-
Преземени чекори за да се обезбеди усогласеност со одредбите од албанскиот Закон за работни односи и со релевантните стандарди на Советот на Европа.
Писмото на загриженост може да се најде овде.
Мрежа SafeJournalists:
-
Здружение на новинари на Босна и Херцеговина
-
Синдикат на медиуми на Црна Гора
-
Хрватско новинарско друштво
-
Здружение на новинари на Косово
-
Здружение на новинари на Македонија
-
Независно здружение на новинари на Србија
Европска федерација на новинари (EFJ)
Организации-членки во Албанија:
-
Здружение на професионални новинари на Албанија (APJA)
-
Здружение на новинари на Албанија (AGSH)