SafeJournalists и EFJ испратија писмо со загриженост за прекршувања на работничките права во Ora Sh.a. во Албанија

SafeJournalists и EFJ испратија писмо со загриженост за прекршувања на работничките права во Ora Sh.a. во Албанија

Мрежата SafeJournalists (SJN) и Европската федерација на новинари (EFJ) ја изразија својата длабока загриженост во врска со сериозните наводи за прекршување на работничките права што ги засегаат новинарите и медиумските работници во Ora Sh.a., во денешното писмо со загриженост испратено до претставниците на Министерството за правда, Министерството за финансии, Државниот инспекторат за труд, AMA, Агенцијата за администрација на запленети и конфискувани средства (AAPSK) и Народниот правобранител. Овој радиодифузер е под државна администрација во Албанија од септември 2023 година.

На 19 јуни 2025 година, десет поранешни вработени во Ora Sh.a. поднесоа официјална жалба до албанските државни институции, детално опишувајќи систематски прекршувања на трудовите закони и практики. Овие наводи вклучуваат:

  • Незаконски колективни отпуштања што влијаеле на околу 80 медиумски работници во периодот 2024–2025 година, без почитување на законските процедури.

  • Присилни оставки и итни откази без потребното законско известување.

  • Неосновано отстранување од официјалните регистри на вработени, со што им се оневозможува на вработените да ги остварат своите законски права.

  • Систематско неплаќање на задолжителните придонеси за социјално и здравствено осигурување од страна на Ora Sh.a. во периодот 2022–2025 година, што е директно кршење на албанското законодавство, особено законите бр. 7703/1993 и бр. 10383/2011.

  • Загриженост за можноста поранешните вработени да бидат исклучени од тековната постапка за стечај на Ora Sh.a., со што би се загрозиле нивните законски права на надомест и фер постапка.

Во писмото ги повикавме надлежните институции да:

  • Ги истражат веднаш наводите изнесени од поранешните вработени на Ora Sh.a.

  • Обезбедат целосно усогласување на Ora Sh.a. и нејзината администрација со националните трудови закони, вклучително и навремено плаќање на задолжителните социјални и здравствени придонеси.

  • Гарантираат транспарентност во тековната стечајна постапка, обезбедувајќи ги правните и финансиските права на поранешните вработени.

  • Ги повикаат на одговорност сите страни одговорни за овие сериозни прекршувања на работничките права.

Заштитата на работничките права на новинарите и медиумските работници е клучна не само за почитување на основните човекови права, туку и за заштита на медиумската слобода и демократијата во Албанија.

Писмото со загриженост можете да го најдете тука.

Мрежа SafeJournalists
Здружение на новинари на БиХ
Синдикат на медиумите на Црна Гора
Хрватско здружение на новинари
Здружение на новинарите на Косово
Здружение на новинарите на Македонија
Независно здружение на новинари на Србија

Европска федерација на новинари (EFJ)