Мрежата SafeJournalists и Коалиција за слобода на медиумите: Итно да се решат сите случаи на чести закани за новинарите

    0
    29
    FOTO: Canva

    Во изминативе неколку дена, неколку новинари во Србија континуирано беа навредувани, им беа упатени закани во живо, телефонски или преку пораки на социјалните мрежи, а некои беа и цел на заплашување од страна на полицијата. Мрежата SafeJournalists и Коалицијата за слобода на медиумите се загрижени бидејќи искуството покажува дека нереагирањето на институциите резултира со поинтензивни притисоци, па дури и физички напади врз новинарите. Затоа бараме што поскоро да се решат сите случаи.

    Новинарката и извршен директор на Независното здружение на новинари на Војводина (НЗНВ), Ана Лалиќ, доби низа лоши навреди и закани дека ќе биде заклана во центарот на Нови Сад, поради нејзиниот јавно искажан став за изградба на црква во новосадската населба Лиман. Смртни закани биле испратени и до членовите на нејзиното семејство.

    НЗНВ предупреди дека се создава намерна тензија во Нови Сад, пред локалните избори, каде како изговор се користи изградбата на црква на Лиман, со цел граѓаните кои се против изградбата да се претстават како противници на религијата, Србија и православието.

    Низа закани и навреди беа упатени до новинарката на N1 телевизија Ксенија Павков од Нови Сад, како и до новинарката на локалното радио и порталот 021, преку социјалните мрежи, поради известување за протестот пред Центарот за социјална работа во Нови Сад во врска со одлуката на институцијата привремено да и го одземе старателството над трите деца на Ана Михаљица.

    Годините на конзистентен колапс и заробување на институциите се исплатливи. Јавноста не им верува и граѓаните кои протестираат не сакаат да ги слушаат нивните објаснувања. Бидејќи задачата на новинарот е да ги пренесе официјалните ставови на сите учесници на настанот, оние кои известуваат за овој случај се под постојан притисок.

    Мета на закани за известување за спортски настани беа и новинарите на СпортКлуб, Никола Стамениќ, Никола Јанковиќ и Бранко Спасојевиќ.

    Работата на новинарот е да известува во јавен интерес, да ги слушне сите страни и да ги земе предвид сите факти на настанот, без разлика колку тоа на некои луѓе не им се допаѓа.

    Во случајот со истражувачкиот новинар Миливоје Пантовиќ, чиј лаптоп бил оштетен од непознати провалници, постои сериозно сомневање дека компјутерот бил уништен со намера да го предупреди или да му ја наруши истражувачката работа. Пантовиќ долго време беше изложен на притисок и таргетирање, што многу влијаеше на неговата понатамошна работа.

    Новинарот на порталот ФАР од Димитровград, Славиша Миланов, бил подложен на непотребно малтретирање од полицијата во Пирот. Откако му било запрено возилото, а алкотестите и наркотестовите биле негативни, тој сепак бил приведен на распит под изговор дека се сомневаат дека ги превезувал бараните лица преку границата со Бугарија, што Миланов негираше. Полицајците не ги провериле камерите од граничниот премин.

    Сметаме дека овој потег на полицијата е неоправдан, дека целта е да се заплашат новинарите и бараме веднаш да престане.

    Потсетуваме и на случајот со физичкото насилство врз новинарката на локалниот портал Ин Медија од Инџија, Верица Маринчиќ, која од обезбедување буквално беше истуркана од просториите на локалната власт и спречена да ја врши својата новинарска работа.

    Бараме и надлежните органи да создадат безбеден амбиент за работата на новинарите, со тоа што ќе почнат да ги санкционираат оние кои им се закануваат. Најголем проблем е неказнивоста на заканите и нападите врз новинарите. Кога ќе бидат казнети оние кои ја загрозуваат безбедноста на новинарите, државата ќе испрати јасна порака за тоа што е забрането и со тоа ќе ги обесхрабри понатамошните закани и напади врз новинарите.

    Секој напад врз новинари допира до јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица – Тирана, 13.03.2024 година

    Мрежата SafeJournslists: Здружение на новинари на Косово; Здружение на новинари на Македонија; Здружение на новинари на БиХ; Здружение на новинари на Хрватска; Независно здружение на новинари на Србија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора

    Коалицијата за слобода на медиумите: Здружението на медиуми, Здружението на онлајн медиуми (АОМ), Независното здружение на новинари од Војводина (НЗНВ), Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), Деловното здружение на локални и независни медиуми „Локален печат“, Фондацијата „Славко Чурувија“ и гранковиот Синдикат за култура, уметност и медиуми „Независност“