Црна Гора: Новинар е уапсен и испрскан со пепер спреј

    0
    23

    За време на протестот кој прерасна во насилство, дописникот на Вечерње новости, Велиша Кадиќ беше уапсен и очите му беа испрскани со пепер спреј додека известувал од Никшиќ. Тој беше пуштен на слобода после три часа, но материјалот што тој го снимил на настанот бил избришан од полицијата.

    На 13 ма,ј Кадиќ известувал за протестите во Никшиќ. Во моментот кога тој се обидел да сними двајца полицајци како се справуваат со еден од демонстрантите, му пристапил комплетно опремен полицаец и го прашал „Кој си ти? Кој ти даде право да снимаш? “

    „Се обидов да ја покажам мојата прес-картичка, но тие ме фатија. Им реков дека сум новинар, но тие го побараа мојот мобилен телефон и побараа да ги избришам снимките. Откако реков дека не можам да го сторам тоа бидејќи ме држат, полицаецот со пепер спреј ми ги испрска очите“, рече Велиша Кадиќ и додаде дека полицијата го зела неговиот телефон и ги избришала сите снимки. Иако присутните колеги потврдиле дека тој е новинар, сепак Кадиќ бил уапсен. Тој беше ослободен дури три часа подоцна, откако локалните новинари побараа објаснување за неговиот притвор. Кадиќ изјави дека полицајците не користеле сила против него, а полицијата подоцна изјавила дека имало недоразбирање и му пружала лекарска помош на новинарот.

    „Неприфатливо е полицијата да апси новинари кои очигледно се на работна должност, а не дел од собраните граѓани. На Кадиќ му била нанесена повеќекратна штета затоа што, покрај апсењето и приведувањето, полицијата незаконски ги уништила фото и видео материјалите на неговиот телефон“, рече Маријана Цамовиќ Величковиќ, претседател на Синдикатот на медиуми на Црна Гора и додаде:„Тие му ги испрскаа очите со пепер спреј во моментите кога тој беше под нивна целосна контрола. Јасно беше дека тој не може да пружа отпор, па дури и да сакал да го направи тоа”.

    Цамовиќ Величковиќ додаде дека ова не е прв пат полицијата да употребува пепер спреј врз новинарите кои известуваат од протести. Во претходните прилики, Советот за цивилна контрола на полициската работа истражувал слични инциденти и полицијата била прогласена за виновна. Цамовиќ Величковиќ истакна дека Синдикатот ќе побара од полицијата да утврди кој употребил прекумерна сила против Кадиќ и соодветно да го санкционира.

    Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите – SafeJournalists.net – која претставува повеќе од 8.200 членови, остро го осудува апсењето на новинарот и целосно непотребната употреба на пепер спрејот. Таа се приклучува на нејзиниот член, Синдикатот на медиуми на Црна Гора во барањето за брза и ефикасна истрага за овој инцидент. Со санкционирање на одговорните, полициските сили ќе испратат јасна порака до сите свои членови дека ваквиот третман кон новинарите не е прифатлив и е казнив. Исто така, изразуваме благодарност за солидарноста, покажана од другите новинари кои се обратија до полицијата, барајќи ослободување на нивниот колега.

    SafeJournalist.net ќе ги информира релевантните национални и меѓународни организации за овој случај.

    Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 15.05.2020 година

    Здружение на новинари во БиХ

    Синдикат на медиуми на Црна Гора

    Здружение на новинари на Хрватска

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинарите на Македонија

    Независно здружение на новинари на Србија