SafeJournalists: Загрозена безбедноста на новинарот во Хрватска

    0
    134

    На новинарот на „Вечерњи лист“, Хасан Хајдар Диаб му се закануваа на почетокот на април, кога напиша текст за чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, а сега со истиот тон и ароганција му пристапи Матвеј Сидоров, поранешен советник за медиуми на рускиот амбасадор во Хрватска, кој беше протеран од Загреб. Преку апликацијата Телеграм, Сидоров реагирал на објавата за нивните закани кон Хајдар Диаб и меѓу другото му напишал: „Еј, здраво Хасан, повторно е одлична статија! Но, тоа не е многу актуелно, зошто не го објавивте додека бевме во Загреб? „Оваа негова порака и зборовите „повторно одлична статија“ се исти како зборовите што ги кажа во телефонскиот разговор со мене, кога рече дека имам двa одлични написи да му преведам и да му испратам на Кадиров“, рече Хајдар Диаб.

    На новинарско прашање дали тоа е директна закана, Сидоров рече дека само ја пренесува пораката од секретарот Сергеј Трофимов и дека новинарот може да ја разбере како што сака. Уште во април, редакцијата на ,,Вечерњи лист” се согласи дека нема да излегуваат во јавноста со информации за руските закани по објавувањето на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров за безбедноста на новинарите. Пред еден месец Хајдар Диаб доби полициска заштита, а сега неделникот ,,Национал” дојде до оваа информација и ја објави. Откако Хајдар Диаб контактирал со главниот уредник Дражен Клариќ, овој случај веднаш бил пријавен во полиција и таа ги обезбедила сите неопходни безбедносни мерки за Хасан и неговото семејство.

    „Хрватското здружение на новинари ги осудува заканите кон нашиот колега. Ние даваме целосна поддршка. За нас ваквите закани се неприфатливи. Уште еднаш нагласуваме колку е важно да се обезбеди безбедна работа на сите новинари“, рече претседателот на Хрватското новинарско здружение Хрвоје Зовко во врска со овој случај.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка на Хрватското новинарско здружение во осуда на заканите кон Хасан Хајдар Диаб. Овие закани се многу вознемирувачки ако се земе предвид дека ги надминува државните граници и вклучува руски државен претставник. Ги повикуваме институциите во Хрватска да ја обезбедат безбедноста на новинарите.

    ,,SafeJournalists” мрежата ќе ги информира релевантните меѓународни чинители за овие случаи.

    Секој напад врз новинари е напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 5 мај 2022 година

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора