SafeJournalists: Српската полиција треба да ја гарантира безбедноста на медиумските работници на протестите

    0
    51

    Двајца сниматели биле физички нападнати од демонстрантите, еден новинар бил удрен со полициска палка и полицијата им забранила на новинарите да го снимаат насилството за време на уличните протести во Белград, Србија.

    Вечерта на 7 јули граѓани на Белград излегоа на улица во знак на протест против начинот на кој се справува српската влада со пандемијата „Ковид-19“. Како што ескалираа судирите меѓу демонстрантите и полицијата, беа забележани минимум три инциденти во кои жртви беа новинарите:

    • Двајца сниматели на новинската агенција Танјуг биле физички нападнати од демонстрантите. Еден демонстрант се приближил до снимателот на Агенцијата, прашувајќи зошто снимал и се обидел да го спречи со грабнување на раката, а потоа удирајќи го во стомакот. Втор снимател беше нападнат додека демонстрантите бегаа од солзавец. Неговата камера била оштетена, а од него било побарано да ги предаде снимките. Демонстрантите заминале кога тој одбил да го стори тоа.
    • Не униформирани полицајци се обиделе да ги запрат новинарката на ТВ N1, Јелена Зориќ и новинарот и снимател Александар Цвркотиќ да снимаат полицајци кои тепаат демонстрант во паркот пред српското претседателство.
    • Полицијата ја спречила Милица Божиновиќ, новинарка на порталот Нова С, кога се обидела да му помогне на еден од повредените протестирачи. Божиновиќ се обидела да објасни дека е на должност како новинарка, но полицаец со палка ја удрил по задникот.

    Видеа од три инциденти може да се најдат и на интернет.

    „Минатата ноќ полициските сили употребија прекумерна сила врз граѓаните, некои демонстранти беа насилни и во толку екстремно опкружување беа нападнати новинари. Ја повикуваме полицијата да обрне внимание и да ги заштити екипите на медиумите и нашите колеги да носат картички и да избегнуваат ситуации кои би можеле да ја загрозат нивната безбедност“, рече Жељко Бодрозиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија (ИJАС). Бодрозиќ изрази жалење што РТС, јавниот сервис на Србија, не успеа да ги информира граѓаните на Србија за драматичните настани што се одвиваа и додаде: „Би сакал да ги истакнам медиумските екипи на ТВ N1, Al Jazeera Balkans, Нова порта, дневникот Данас и други професионални медиуми кои храбро известуваа за настаните и што даваат навремени и објективни информации за протестите пред граѓаните на Србија и регионот“.

    Мрежата SafeJournalists, претставувајќи повеќе од 8.200 новинари и медиумски работници во Западен Балкан, го осудува насилството врз новинарите и му се придружува на нејзиниот член НУНС во своите барања до српските власти. Во согласност со своите овластувања, полицијата мора да обезбеди безбедно работно опкружување за новинарите и мора да утврди кој и зошто ги нарушил правата на новинарите за време на протестите. Таа мора да утврди дали полициските овластувања биле надминати и ако е така, одговорните лица мора да сносат одговорност.

    Истовременио, се придружуваме на НУНС во повикот до новинарите кои известуваат од протестите да бидат видливо обележани – нивните идентификации треба да бидат на видливо место и тие мора да направат сé што е можно во дадените околности да се идентификуваат себеси на полицијата и граѓаните како новинари на должност.

    Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 08.07.2020 година

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинарите на Македонија

    Здружение на новинари во БХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независно здружение на новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора