SafeJournalists: Санкционирајте го лицето кое е одговорно за смртните закани упатени кон новинарите на N1

    0
    28
    photo: canva

    Редакцијата на порталот N1 синоќа во коментари на веб-страницата добила смртна закана.

    Заканата дојде во коментар на текстот за престојот на претседателот на Србија во Америка по повод седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово, по што српската делегација почна да лобира во врска со Резолуцијата за Сребреница. По низата навреди дека (новинарите од N1) се „најлошата банда“, „платените предавници од странски сили“ и обвинувањата дека „одамна јавно зборуваат против српскиот народ и властите“, во редакцијата беше закането дека наскоро би биле ликвидирани, неутрализирани и дека ништо нема да остане од нив. Исто така, во коментарот се наведува дека „има повеќе негативци“, а се споменуваат и медиумите НоваС и Данас. НУНС ја пријави заканата до Обвинителството за високотехнолошки криминал.

    Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) апелира до надлежните институции итно да постапат и да го решат овој случај. НУНС не првпат годинава предупредува на зачестеноста на заканите и нападите врз новинарите на медиумот N1 и посочува дека недоволната реакција на надлежните институции им дава ветер на насилниците да ги заплашат, па дури и физички да ги напаѓаат новинарите. Овој пат директно им се заканија на новинарите. Од НУНС нагласуваат дека во заканите и навредите упатени кон новинарите, забележлива е шема на високи владини функционери кога таргетираат новинари на одредени медиуми и затоа НУНС ги повикува да одговараат на нивните прашања наместо да се пресметуваат со новинарите.

    Мрежата SafeJournalists, која ги застапува медиумските професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка НУНС и ги повикува надлежните институции брзо да го пронајдат и санкционираат лицето кое ги испратило заканите и со тоа да испратат јасна порака за заштита на новинарите.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

     

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 26.04.2024

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора