Осуда за физичкиот напад врз снимателот на ТВ24 Иван Камчев

    0
    29
    Земјата MK
    Име и презиме Иван Камчев
    Пол Mашки
    Датум 18/07/2023
    Градот Градско
    Вид на напад Закани по животот и екстремитетите на новинарите
    Од кого Од страна на граѓанин
    Сторителот / осомничениот н.н.
    Тип на медиум Електронски
    Име на медиумот TV24
    Извор https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4-%d0%b2%d1%80%d0%b7-%d1%81%d0%bd%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bb-2/
    Прекршен закон и член (национален) Кривичен законик член 382 став 3
    Државното правобранителство пријавено и постапено од страна на обвинител
    Судска одлука на 13 ноември 2023 осудителната пресуда донесена од страна на Основниот суд во Кавадарци на 03.11.2023 каде обвинетиот Љ. Р. е прогласен за виновен за извршено кривично дело, спречување на службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 став 3 од новиот изменет Кривичен законик
    Конечна пресуда Сторителот е осуден, вид на казна:
    Обвинетиот е осуден (наведете ја казната):
    Судски статус На 13 ноември 2023 осудителната пресуда донесена од страна на Основниот суд во Кавадарци на 03.11.2023 каде обвинетиот Љ. Р. е прогласен за виновен за извршено кривично дело, спречување на службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 став 3 од новиот изменет Кривичен законик
    Дали здружението на новинари било информирано? Да
    Каква беше реакцијата на новинарското здружение? Јавна осуда за нападот и правна помош во насока на пријавување во МВР и ОЈО
    Дали нападот е пријавен во полиција/власти? Случајот беше пријавен во полиција Случајот беше пријавен во Јавното обвинителство
    Закани по животот и безбедноста на новинарите Лице во лице или телефонски закани по живот или физички напади

    Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ остро го осудува вербалниот и физички напад врз снимателот на ТВ 24 Иван Камчев при што напаѓачот ја оштетил опремата.

    Колегата Камчев враќајки се од денешно снимање со колега од МРТВ на патот Градско-Прилеп кај Росоман биле сведоци на сообраќајна несреќа. Во обид да го документираат настанот снимателот Камчев  бил вербално, а потоа и физички нападнат при што му била оштетена неговата опрема.

    Во телефонски разговор веднаш по немилиот настан, колегата Камчев го пријави случајот во ЗНМ и изјави:

    ,,Само што почнав да снимам инсерти, лицето се доближи до мене почна да вика предавници новинари, само некакви права барате и ни се обрати со погрдни зборови. Неколку пати замавна по мене и еднаш успеа да го погоди сталакот и ја оштети камерата.”

    Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи СВР Велес од каде имаме информација дека веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување на случајот.

    ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.

    Потсетуваме дека напад на медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.