Home Blog Page 36

Дебата за инструментализација на медиумите во изборна кампања

0

СКОПЈЕ, 05.12.2016 Медиумската организација Онлимит на први декември во Клубот на новинари организираше дебата со новинари на тема инструментализацијата на медиумите во текот на изборна кампања. На дебатата, како панелисти учествуваа претставници на новинарски и медиумски организации, како што се ЗНМ, СЕММ и МИМ.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани рече дека режимот медиумите ги третира единстевно како пропагандна машинери за доаѓање и задржување на власта, а не како столб на демократијата. Селмани смета дека секоја авторитарна власт ја негира улогата на медиумите во едно демократско општество. „Медиумите во Македонија и за време на изборна кампања не ја исполнуваат нивната мисија. Најголем дел од медиумите наместо да информираат, ја извртуваат вистината и креираат розова реалност во која верува само власта. Тие медиуми место да ги критикуваат слабостите на власта, стануваат нејзини апологети и ги величат наводните достигнувања. И место да потикнат дебата во општеството за битни прашања за животот на граѓаните, спроведуваат хајка и се пресметуваат со неистомислениците, жигосувајќи ги како домашни непријатели и предавници“, рече Селмани.

Тој потсети дека партиите ги игнорираа предлозите на новинарската заедница и избраа погрешен пристап за решавање на длабоката криза во медиумите. „Со ад хок тело и партиски уредник во МРТ не може да се реши кризата во медиумите. Партиите место да ги отклонат причините што ја предизвикаа кризата, се занимават со последиците. Не може со козметички измени на законите да направите слободни и професионални медиуми“, рече Селмани.

Според него, за подобрување на состојбата со слободата на медиумите ќе биде потребна силна политичка волја од новата македонска влада, која мора да покаже посветеност за почитување на основните демократски вредности, како што е и слободата на изразувањето. „Залудно се надеваме дека ќе имаме слободни медиуми ако после 11 декември не добиеме демократска влада“, порача Селмани.

Директорот на СЕЕМ, Марина Тунева, збореше за важноста медиумите во известувањето за изборната кампања да се приджуваат кон етичките стандарди на професијата потсетувајќи ги на обврската што ја преземале со потпишување на Повелба за професионално известување за време на избори.

Директорот на МИМ, Бијлана Петковска рече дека санкциите за медиумите ако не известуваат согласно професионалната етика ги принудиле медиумите да и дадат поголем простор на опозицијата и да престанат со кампањите против неистомислениците. „Вистинското прашње е како ќе известуваат медиумите кога ќе заврши изборната кампања“, рече Петковска.

После излагањата на панелистите присутните новинари даваа свои коментари за темата и поставуваа допонителни прашања поврзано со слободата на медиумите.

Скопје, 05.12.2016

Здружение на новинари на РМ

ЗНМ ги награди најдобрите фотографии од бегалскиот бран

0

СКОПЈЕ, 21.11.2016 Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Американската амбасада во Скопје, Канцеларијата на УНХЦР и Македонското здружение на млади правници, во петокот на пригодна свеченост во Музејот на Македонија во Скопје ги додели наградите за најдобра фотографија на тема бегалскиот бран во 2015 година во Македонија.

Првата награда за најдобра фотографија ја освои Маја Златевска од весникот „Дневник“, втората му припадна на Огнен Теофиловски од весникот „Вест“ додека третата награда ја освои Ѓорѓи Личовски од порталот „Сакам да кажам“.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во поздравниот говор им честиташе на наградените и им се заблагодари на сите оние што учествуваа на конкурсот. Селмани рече дека бегалскиот бран беше тест за етично известување на македонските фоторепортери, кои од првиот ден ја следеа бегалската криза известувајќи за домашни и странски медиуми.

„Преку нивните фотографии ние ја свативме тешката судбина на овие очајници. Мигрантите беа претставени во вистинско светло, единстевно како жртви на безсмислените војни. Пред нивните фотографии ниедно човечко битие не може да остане рамнодушно на страдањето на бегалците“, рече Селмани.

Тој додаде дека преку давање признанија на професионалните фоторепортери се зајакнува единството во новинарската заедница.  „Сакам да повикам да останеме сплотени затоа што заедно можеме полесно да се справуваме со заедничките предизвици, како што е ескалацијата на нападите против новинарите, фоторепортетите и снимателите“, рече Селмани.

Лаура Браун, одговорен лице за односи со јавност во Американската амбасада рече дека безбедноста на новинарите е многу важна за да можат тие да ја исполнат нивната мисија. „Ние во САД веруваме дека работата на новинарите  е многу важна, посебено за време на кризи, како што беше бегалската и политилчката криза во Македонија“, истакна Браун.

Таа ја пофали храброста и професионалниот однос на фоторепортерите затоа што со нивната работа придонесуваат кон пренесување на хуманата димензија на бегалската криза.

Претставникот на УНХЦР во Скопје, Тихомир Николовски, рече дека преку сликите на фоторепортерите се слуша гласот на бегалците.

Нита Чаволи, претставник на Македонското здружение на млади правници рече дека сликата е најпродорен канал за комуникација,  затоа што, преку неа се пренесуваат страдањето на бегалците и се развива чувство на солидарност и сочувство.

По доделувањето на наградите, во Музејот се одржа и изложба каде беа претставени 50 најдобри фотографии од 20 фотортепортери кои учествуваа на конкурсот.

Оваа активност на ЗНМ е дел од проектот поддржан од амбасадата на САД, посветен на македонските фоторепортери,  во чии рамки беше изготвен и Прирачник за безбедноста на фоторепортерите и за професионалната етика.

Фото Извор: СДК

ЗНМ,20 Ноември

2016, Скопје

ЗНМ се согласува со оценките на ЕУ за медиумите

0

СКОПЈЕ, 10.11.2016 Здружението на новинарите на Македонија се согласува со оценката на Европската комисија дека состојбата со слободата на медиумите годинава во Македонија се влошува. Комисијата во извештајот за напредокот на Македонија за годинава, со право заклучува дека во најголем дел од македонските медиуми отсуствува политички плурализам и дека националните телевизии координирано ја поддржуваат владејачката партија.

Констатираме дека најголем дел оценките на Комисијата во врска со насилството врз новинари, финансирањето на медиумите и состојбата во Македонската радио телевизија и медиумскиот регулатор, се совпаѓаат со ставовите на ЗНМ.

Комисијата потврдува дека новинарите се изложени на секакви напади, додека властите не преземаат ништо да ги казнат насилниците, меѓу кои има и политичари. Јасно се истакнува дека физичките напади, незаконското прислушувањето и лошите работни услови на новинарите имаат за цел да поттикнат самоцензура.

Европската комисија не бара да се озаконат владините кампањи, кои служат за вршење притисок врз медиумите, туку бара целосна транспарентост за досега потрошените пари за оваа намена. Во извештајот се инсистира на критериуми за објавување на бесплатните медиумски кампањи, кои се од вистински јавен интерес.

Недвосмислено е потврдена загриженоста на ЗНМ во врска со уредувачката и финансиската независност на Македонската радио телевизија, која се уште не може да обезбеди објективно и точно известување за различни ставови и мислења во јавноста.

Комисијата ги цени заложбите на новинарските организации за медиумски реформи, но заклучува дека нема политичка посветеност за промоција на медиумски плурализам и независност.

ЗНМ ги поддржува повиците на Европската Комисија за инклузивен дијалог со новинарската заедница со цел да се преземат драстични мерки за зајакнување на независноста и плурализмот во медиумите.

Фото: МИА

Скопје, 10 Ноември, 2016

Здружение на новинари на Македонија

Пешевски или да даде оставка или да го разрешат!

0

СКОПЈЕ 31.10.2016 Здружението на новинарите на Македонија остро гo осудува недоличното однесување на потпретседателот на владата Владимир Пешевски, кој минаната недела после прес конференцијата на која го претставувал извештајот на Дуинг бизнис за Македонија, навредувал новинарка од дневниот весник Вест поради тоа што прашала дали владата размислува да ја покачи старосната граница на 67 години за одење во пензија.

Пешевски иритиран од инсистирањето на новинарката да добие прецизен одговор околу намерата на владата да ја покачи старосната граница за заминување во пензија и се обратил на новинарката со контра прашање: „Дали вие можете да одговорите со да или не ако ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка“.

Пешевски, покажува дека нема основно домашо воспитување и политичка култура, која се граничи со  силеџиство и примитивизам. Ваквиот напад не е вперен само кон еден професионален новинар, на кој основна задача е да поставува неријатни прашања за политичарите, туку е напад и врз слободата на медиумите.

Ваквите напади имаат за цел да ги омаловажуваат и заплашуваат новинарите да не бараат отчет од работата на јавните функционери  да ја убијат смислата на улогата на новинарството во демократско општество.

Непријатно сме разочарани и од однесувањето на колегите кои биле присутни на настанот и не реагирале на навредите на Пешевски. Апелираме во иднина во слични ситуации новинарите заеднички да реагираат и да покажат поголема солидарност.

Крајно лицемерно е политичарите да бараат од медиумите да изестуваат професионално за изборната кампања кога во исто време физички напаѓаат и навредуваат новинари без да понесат било каква одговорност.

Бараме вицепремиерот Пешевски кој лани среде бел ден нападна новинар, јавно да се извини на новинарката,  но и да поднесе политичка одговорност. Или сам да поднесе оставка или премиерот Емил Димитириев да го разреши.  Го потсетуваме Димитриев дека за слични навреди кон новинарка, спрскиот премиер го разреши министерот за одбрана.

Истовремено ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се огради од однесувањето на нивниот министер и член на најтесното партиско раководство и бараме да не го кандидираат за пратеник на следните избори. Во спротивно, ќе сметаме дека партијата оправдува и дозволува насилство и непримерно однесување кон новинарите.

31.10.2016, Скопје

Здружение на новинарите на Македонија

Додека Божиновски штрајкува со глад, судот одолговлекува

0

СКОПЈЕ, 14.10.2016 Здружението на новинарите на Македонија ја алармира македонската јавност дека судскиот процес против новинарот Зоран Божиновски непотребно се одолговлекува. Со тоа судот ги прекршува неговите граѓански права за фер и правично судење.

Новинарот Божиновски веќе две недели штрајкува со глад со барање да му се укине притворот, а судот денеска по втор пат го одложи судењето поради лични и семејни прилики на судијката Сандра Крстиќ.

Со упорното одбивање да го укине притворот за Божиновски судот применува двојни аршини. Не изрекува притвор за поранешни владини функционери осомничени за тешки кривични дела, а без сериозна причина скоро шест месеци  држи во притвор новинар. Со тоа притворот не служи за непречено одвивање на постапката, туку прераснува во казна.

Божиновски штрајкува со глад, а судот тврди дека неговата здравствена состојба е добра. Како е можно да се тврди тоа за човек кој две недели гладува и се одржува со инфузии? Јавно го прашуваме судот, што треба да му се случи на Божиновски со цел судот сериозно да го разгледа барањето за укинување на притворот.

Го повикуваме Апелациониот суд во Скопје веднаш да ја достави одлуката за случајот Шпион до Кривичниот суд за да можат адвокатите да имаат увид во доказите и да ја подготват одбраната. Во спротивно, се остава простор процесот дополнително да се одложува и со тоа во јавноста ќе остане впечатокот дека случајот е политички монтиран.

Со почит,

Здружение на новинарите на Македонија

Скопје, 27.09.2016 година

Божиновски штрајкува со глад за ослободување од притвор

0

СКОПЈЕ, 27.09.2016 Притворениот новинар Зоран Божиновски, на 14 септември годинава писмено ја известил управата на истражниот затвор во Шуто Оризари и судот дека ќе започне штрајк со глад. Причината за ваквата одлука на Божиновски е неоправданото продолжување во недоглед на претворот и одолговлекување на судскиот процес, кој и после шест месеци од неговата екстрадиција во Македонија, никако да започне. Божиновски во писмото упатено до управата на затворот и судот побарал да се прати известување до неговиот адвокат, како и народниот правобранител.

Меѓутоа до денеска, затворската управа и судот веста дека Божиновски штрајкува со глад ја немаат споделено со адвокатот и Народниот правобранител,  со очигледна намера да ја сокријат оваа информациија од јавноста.

Ние сме многу загрижени за здравствената состојба на Божиновски, која постојано се влошува, откако во изминатите седум дена одбива да прими храна и вода. За една недела штрајк со глад тој ослабел 20 килограми и два пати дневно прима инфузија со цел да се одржи под контрола неговата здравствена состојба. Адвокатот ни пренесе, дека тој е решен да оди до крај, или судијата ќе го ослободи од притвор или ќе умре во затвор! Убеден е дека во притвор нема услови да ја подготви одбраната.

Ја повикуваме судијата Сандра Крстиќ веднаш да го укине притворот на колегата Божиновски, во спротивно неа лично ќе ја сметаме за одговорна за евентуалните последици по здравјето и животот на колегата, што ќе настанат поради продолжувањето на штрајкот со глад.

Исто така, го повикуваме Народниот прваобранител да го посети Божиновски во затвор и да се увери во неговата здравствена состојба, како и навремено да ги предупреди институциите за последиците ако не постапат соодветно на ситуацијата.

Силно се солидаризираме со барањето на Божиновски да се укине притворот и го разбираме неговото незадоволство како институцииите постапуваат во неговиот случај. Сепак го замолуваме да го прекине штрајкот со глад бидејќи во ситуацијата најбитно е неговото здравје.

Повторуваме дека притворот за Божиновски повеќе не служи како мерка за обезбедување, туку како казна; Очигледни се двојните аршини на судските органи, кои лесно одредуваат притвор за новинар, но упорно одбиваат иста мерка да изречат, кога осомничени се поранешни владини функционери.

Ако судот ценел дека поранешиот премиер Никола Груевски од позиција на лидер на владеачка партија не може да влијае на сведоци и истрага, уште помали се можностите врз сведоци да влие еден новинар. Ако судот смета дека поранешни министри осомничени за 15 тешки кривични дела нема опасност да ја напуштат земјата, уште е помала веројатноста новинар да ја избегне правдата.

Нема сомнение дека Божиновски е изложен на политички процес од власта за да замолчи еден новинар и да се дициплинираат останатите. Со ваков прогон на новинари,  Македонија никогаш нема да биде слободна, демократска и европска земја.

Изјава на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Скопје, 22.09.2016

Осуда на заканите на министерот Ахмети врз новинарот Мислими

0

СКОПЈЕ, 02.09.2016 Здружението на новинари на Македонија остро ги осудува вербалните
закани на министерот за Екологија Башки Ахмети, што вчера преку
мобилен телефон беа упатени кон новинарот и сопственикот на порталот
Тетова Сот, Рами Мислими.

Закани и понижувања на новинарите од страна на високи претставници на
власта немаат место во цивилизирани и демократски земји!

Секоја закана на новинар претставува напад врз слободата на изразување
и слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Само недораснати личности, кои по некоја случајност станале министри,
можат да си дозволат на ваков непримерен начин да се обраќаат на
новинар. Да нападнеш новинар затскривајќи се зад имунитетот на
министер претставува акт на кукавичлук и примитивизам.

Бараме од премиерот Емил Димитриев и лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно
да го осудат ваквото неприфатливо однесување на министерот Ахмети!

Скопје, 02.09.2016

Здружение на новинари на Македонија

Новинарите бараат ослободување од притвор на Божиновски

0

СКОПЈЕ, 01.09.2016 Дојдени сме денеска пред судот во Скопје, да ја изразиме нашата солидарност со новинарот Зоран Божиновски, кој веќе три години е изложен на судски прогон поради неговата работа како новинар.

Ги потсетуваме судиите дека Македонија е втора земја во Европа каде има новинар во затвор. Прво беше осуден Томислав Кежаровски, сега Божиновски, гласно се прашуваме кој ќе биде следниот. Во земја каде новинари се затворат, таму е заробена и слободата на говорот и слободата на медиумите. Таквите судски постапки имаат за цел да ги казнуваат непослушните новинари и да ги дисциплинираат и застрашуваат останатите.

Не сме тука да вршиме притисок на судот и да им кажеме какви пресуди треба да донесат. Тука сме да го кренеме гласот против неправдата.

Божиновски уште несуден веќе помина скоро две години во затвор, од кои 18 месеци во екстрадиционен притвор во Србија и уште четири месеци во Македонија. Судиите што одбиваат да изрекуваат притвор за политичари осомничени за рушење на демократскиот поредок на земјата, а лесно притвораат новинари, немаат право да се затскријат зад начелото за независноста на судството.

Бараме Божиновски веднаш да се пушти од притвор и да му се овозможи како некои поранешни функционери да се брани од слобода. Ако не постои опасност политичари осомничени за тешки дела да ја напуштат земјата, тогаш уште е помала веројатноста дека новинар ќе ја избегне правдата.

Инсистираме случајот на Божиновски да биде предаден на Специјалното јавно обвинителство затоа што нивната надлежност над овој предмет е неспорна. Секое одбивање на обвинителството да се предаде случајот, ќе значи оневозможување на правдата и зголемувањето на сомнежот во јавноста дека некој сака по секоја цена да осуди новинар со затвор во
знак на одмазда заради објавување на злоупотреби на власта.

 

01 септемврти 2016 година, Скопје

ЗНМ се солидаризира со турските новинари и медиуми

0

СКОПЈЕ 29.07.2016 ЗHM се приклучи кон иницијативата на Меѓународната федерација на новинари (МФН) и Европската федерација на новинари (ЕФН) против бранот на напади врз слободата на медиумите и човекови права во Турција.

ЗНМ денеска упати писмо до турскиот амбасадор во Скопје, Н.Е. Умур Шелендир, во кое изразува длабока загриженост за масовното затварање на медиуми и апсење на новинари, кое се случува во Турција, по обидот за воен удар. Во писмото, престедателот на ЗНМ, Насер Селмани ја повикува турската влада да се воздржи од нови напади на медиуми и новинари.

„Веруваме дека вонредната состојба не треба да се користи како изговор за чистка во медиумите, како и во другите делови на општеството. Цензура на медиумите заради критики насочени кон владината политика е незаконска, дури и во вонредна состојба“, се вели во писмото.

ЗНМ, и сите членки на МФН и ЕФН ги повикуваат турските власти да ги почитуваат меѓународните конвенции за човековите права, социјалните права  и слободата на говорот. „Ве охрабруваме да ја негувате културата каде во целост се почитува слобдата на печатот“, се истакнува во писмото.

На овој линк можете да ги најдете имињата на затворените новинари и сопственици на медиуми.

Во име на заштита на слободата и демократијата во Турција Ве повикуваме да ја потпишете петецијата објавена од Аменсети интернешнл.