Home Blog Page 6

Одржана работна средба на секција на млади новинари при ЗНМ

0

На работниот состанокот на кој имаше  дваесетина учесници од повеќе медиуми преку дебата се поставија контурите на стратешкиот план во кој  јасно се прифатени приоритетите и целите на оваа секција за периодот кој следи.

На настанот поздравни обраќања имаа Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, Сашка Цветковска, координатор на иницијатива за формирање на Секција на млади новинари при ЗНМ.

Како еден од заклучоците е дека членовите на секцијата ќе се залагаат за подобрување на социоекономскиот статус на младите новинари во редакциите но исто времено ќе се работи и на  надградување на вештините за напредно известување и почитување на стандардите во новинарската фела како и вмрежувањето меѓу редакциите.

Преку активностите утврдени во нацрт стратешкиот план на секцијата предвидено е членовите да го афирмираат новинарството како атрактивна професија, од причина што денес има се помалку интерес за истата и многу редакции се соочуваат со сериозен проблем да најдат новинари. Еден од заклучоците од состанокот беше дека со активно работењето на оваа секција ќе се придонесе кон градење на поголема солидарност во новинарската професија и на дополнително надградување на знаењата како професионалци во секторот. Покрај популаризацијата, секцијата во иднина, преку градење на капацитетите ќе им овозможи на младите новинари да добијат не само можност да слушнат искуства од други медиуми и историски преглед како се менувале работите, но и околу професионалните стандарди и црвените линии во професијата.

Меѓу другото на средбата беше презентирано и за зголемениот број на напади на новинарки и медиумски работнички и закани кои тие ги добивале особено онлајн за што ЗНМ презеде низа активности и ги алармираше регионалните институции. Ваквите информации и состојби ќе послужат во иднина за изготвување на Протокол за безбедност на новинарките кој ќе биде изготвен во соработка помеѓу ЗНМ и Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на 2022 година. Средбата се одржа на 13.04.2022 година во просториите на КОТУР кафе во Скопје. Секцијата на млади новинари останува отворен форум кон кој може да се приклучи секој млад професионалец од сите медиуми од Скопје и од другите градови од Македонија.

Подобрување на соработката со МВР за поголема отчетност и транспарентност

0

Здружението на новинари на Македонија и канцеларијата на Советот на Европа денеска одржаа семинар на тема „Подобрување на соработката меѓу новинар(к)ите и полициските органи со цел поголема отчетност и транспарентност“ каде беа новинари како и претставници на Министерството за внатрешни работи кои работат во доменот на односи со јавноста.

Овој настан им даде можност на новинарите, припадниците на МВР и другите медиумски актери да разговараат на теми кои имаат за цел продлабочување на соработката при размена на информации од јавен карактер.

Младен Чадиковски во својот воведен дел ја истакна важноста од продолжување на соработката помеѓу МВР и новинарите, со цел безбедно и слободно вршење на новинарската работа.

„Како Здружение на новинари секогаш сме на страната на точната информација, на страната на професионалното новинарство, а верувам дека благодарение на оваа соработка, комуникациајта со МВР ќе се искачи на скалило погоре. За да можеме ние да ја вршиме безбедно и слободно нашата работа, потребна е поддршка од Министерството за внатрешни работи. Верувам дека одиме во позитивна насока и дека така ќе остане“ – кажа Чадиковски.

Александра Богдановска, зборуваше за плодната соработка помеѓу ЗНМ и Советот на Европа и јавно искажа благодарност за активната соработка во изминатиот период преку заедничките организирани онлајн настани, и после долго време соработката продолжува преку конкретни иницијативи во живо каде се дискутираат овие актуелни теми кои ги засегаат новинарите и медиумските работници.

Тони Ангеловски, помошник на министерот за односи со јавност (портпарол) при МВР во своето излагање нагласи дека е од основно значење е користењето на полицискиот билтен, каде што ги има основните информации потребни за информирање на јавноста. Но, доколку новинарот има потреба од подетални информации, во тој случај службите на МВР во рамките на своите можности ќе ја обезбедат информацијата.

Новинарот Огнен Чанчаревиќ, во својата презентација се осврна на темата„ Навремено и точно давање на информации како предуслов за објективно информирање (анализа)“. Тој истакна дека кога новинарите известуваат за теми кои се од црна хроника нема простор за сензационализам а новинарите треба строго да се придржуваат до етичките принципи посебно за овие сензитивни теми.

Мирјана Поповиќ експертката на Советот на Европа зборуваше на тема „Праксата во соседните земји кога станува збор за соработка  на министерствата за внатрешни работи и медиумските работници“ нагласувајќи ја важноста од соработката помеѓу полицијата и медиумските работници, како надоврзување на претходните соговорници. Го истакна примерот на соработка помеѓу двете страни во Црна Гора, каде што за потребите на истата, формирана е специјална комисија за соработка чија цел и задача е да се влијае врз намалување на заканите и насилствата врз новинарите.

„Мора да работиме на подобрување на комуникацијата помеѓу новинарите и полицијата, Проблематичниот однос предизвикува негативни ефекти“ – рече Поповиќ.

Говорници на настанот беа претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, Александра Богдановска, Постара проектна раководителка, програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Мирјана Поповиќ, експертка на Советот на Европа, Тони Ангеловски, помошник на министерот за односи со јавност (портпарол) при МВР и Огнен Чанчаревиќ, новинар во ТВ Телма / VOA Глас на Америка на македонски јазик. Модератор на настанот беше извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

На овој настан беше промовирана анализата насловена како „ПОДОБРУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ НОВИНАР(К)ИТЕ И ПОЛИЦИСКИТЕ ОРГАНИ СО ЦЕЛ ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ“ на која автори со Тони Ангеловски и Огнен Чанчаревиќ. Анализата набргу ќе биде јавно достапна на македонски, албански и англиски.

По завршувањето на презентациите, следуваше групна дискусија помеѓу присутните гости.

*Настанот е организиран од Здружението на новинари на Македонија, како грант организација во рамките на заедничката програмска акција на ЕУ/Совет на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“ во рамките на „Хоризонтален објект за западниот Балкан и Турција 2019 – 2022 година“.

Доделени годишните новинарски награди на ЗНМ

0

По повод 76-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија, денеска беа доделени годишните новинарски награди на ЗНМ.

Во своето поздравно обраќање Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски кажа дека оваа година имаше навистина голем број на апликанти за наградите на ЗНМ, најголем до сега. ,,Токму затоа, комисијата беше ставена пред голем предизвик при селекцијата на добитниците. Четири колешки беа наградени и навистина верувам дека после долга темелна опсервација и дискусија на пријавите, направен е вистинскиот избор. Им честитам на сите наградени, а би сакал да се заблагодарам на сите учесници во конкурсот и да им честитам за нивните стории.”, рече Чадиковски.

Оваа година наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело е доделена на новинарката Јадранка Костова долгогодишна, реномирана новинарка, уредничка на „Фокус“. Александар Чомовски како претседател на Комисијата за избор на наградите за 2021 година за Костова истакна дека таа во текот на целата кариера се води од премисата дека критиката треба да биде насочена кон власта, односно кон оние кои ја поседуваат моќта, а власта ги расипува. „Јадранка се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња во македонските медиуми, со промоција на демократските вредности и негување и почит на новинарските стандарди, го одбележа медиумскиот простор на свој оригинален творечки начин“, кажа Чомовски.

Во своето обраќање пред присутните Костова рече: ,,Оваа награда ја доживувам како двојна награда, да се биде во служба на јавниот интерес и да се биде контролор на секоја власт. Во мојата кариера особено важно ми било да имам добaр тим и добра редакција, со тоа успехот е неминовен”, истакна Костова.

Наградата „Јашар Еребара“ за годишно истражувачко новинарство во конкуренција од 27 апликации ја доби новинарката од дигиталната платформа СДК.мк Соња Колевска Делевска за серијата на текстови во кои хронолошки се евидентира тешкото кршење на човековите права на едно 19 годишно момче насловена ,,Матурантот Тони Сали по 15-годишна битка почина, неуспевајќи да ја добие битката со државата за добие лични документи”. Колешката Делевска во своето обраќање  се заблагодари на редакцијата на СДК.мк за поддршката, ама и за тоа развиено чувство да се препознаат вакви приказни и да им се даде предност. ,,Темите за човекови права станаа наш препознатлив бренд, ние ќе продолжиме во таа насока, особено да ги третираме проблемите на луѓето. Ќе бевме сите многу среќни ако сега покојниот матурант Тони Сали стоеше овде со нас, а ние му честитавме на добиен матичен број и лични документи. Редакцијата на СДК.мк ќе се бори никогаш повеќе да не се повторат вакви случаи на тешко кршење на правата на граѓаните, и да нема веќе вакви приказни”, истакна Делевска

Од пристигнатите вкупно 11 пријави за наградата за Новинарско известување на теми од локално и регионално значење, Комисијата за избор на годишните награди одлучи да ја додели оваа награда на новинарките Убавка Јаневска и Даниела Саздова за истражувачката приказна ,,Жителите на Речани се жалат на загадување, ЈП ,,Македонија пат” тврди дека не ги загадува” од медиумот Дума.мк. Станува збор за истражувачка приказна која е медиумско истражувачки издржан медиумски прилог кој истовремено е и повеќе слоен прилог. Колешката Јаневска јавно се заблагодари за напорите на ЗНМ преку оваа награда да ги поддржува и поттикнува медиумските работници од внатрешноста да известуваат за важни теми од локално значење.

На јавниот конкурс оваа година во предвидениот рок, вкупно беа поднесени 43 апликации за награди за сите три категории, а членови на Комисијата за избор на наградите беа новинарите Александар Чомовски како претседател и како членови Слободанка Јовановска и Сенад Зулбеари. Здружението на новинарите на Македонија искажува голема благодарност до сите заинтересирани новинари за овогодинешниот конкурс.

SafeJournalists: Поддршка за Украина и украинските новинари/ки

0

Ние, долупотпишаните организации, се солидаризираме со народот на Украина, но особено со украинските новинари кои сега се на првата линија на големата европска војна.

Еднострано го осудуваме насилството и агресијата што ги става во сериозна опасност илјадници наши колеги низ Украина.

Ја повикуваме меѓународната заедница да обезбеди секаква можна помош за оние кои ја преземаат храбрата улога да известуваат од воената зона, која сега е Украина.

Го осудуваме физичкото насилство, сајбер нападите, дезинформациите и сите други оружја што ги користи агресорот против слободниот и демократски украински печат.

Солидарни сме и со независните руски медиуми, кои продолжуваат да известуваат вистинито во невидени услови.

Придружете се на изјавата за поддршка на Украина со потпишување овде.

Потписници:

  1. Justice for Journalists Foundation
  2. Index on Censorship
  3. International Foundation for Protection of Freedom of Speech “Adil Soz”
  4. International Media Support (IMS)
  5. Yerevan Press Club
  6. news
  7. Free Press Unlimited
  8. Human Rights Center “Viasna”
  9. Albanian Helsinki Committee
  10. Media Rights Group, Azerbaijan
  11. European Centre for Press and Media Freedom
  12. Association of European Journalists
  13. School of Peacemaking and Media Technology in Central Asia
  14. Justice for Journalists Foundation
  15. Index on Censorship
  16. International Foundation for Protection of Freedom of Speech “Adil Soz”
  17. International Media Support (IMS)
  18. Yerevan Press Club
  19. news
  20. Free Press Unlimited
  21. Human Rights Center “Viasna”
  22. Albanian Helsinki Committee
  23. Media Rights Group, Azerbaijan
  24. European Centre for Press and Media Freedom
  25. Association of European Journalists
  26. School of Peacemaking and Media Technology in Central Asia
  27. Human Rights Center of Azerbaijan
  28. Reporters Without Borders, RSF
  29. Association of Independent Press of Moldova, API
  30. Public Association “Dignity”, Kazakhstan
  31. PEN International
  32. Human Rights House Foundation, Norway
  33. IFEX
  34. UNITED for Intercultural Action
  35. Human Rights House Yerevan
  36. Helsinki Citizens’ Assembly – Vanadzor, Armenia ??
  37. Rafto Foundation for Human Rights, Norway
  38. Society of Journalists, Warsaw
  39. The Swedish OSCE-network
  40. Hungarian Helsinki Committee
  41. Legal policy research centre, Kazakhstan
  42. Public Foundation Notabene – Tajikistan
  43. HR NGO “Citizens’ Watch – St. Petersburg, Russia
  44. English PEN
  45. Public organization “Dawn” – Tajikistan
  46. International Press Institute (IPI)
  47. The Union of Journalists of Kazakhstan
  48. ARTICLE 19
  49. Human Rights House Tbilisi
  50. Rights Georgia
  51. Election Monitoring and Democracy Studies Center. Azerbaijan
  52. International Service for Human Rights (ISHR)
  53. Bulgarian Helsinki Committee
  54. Global Forum for Media Development (GFMD)
  55. European Federation of Journalists
  56. Social Media Development Center, Georgia
  57. Populus Rei, Georgia
  58. OBC Transeuropa
  59. The Bureau of Investigative Journalism
  60. Journalists Union YENI NESIL, Azerbaijan
  61. Media and Law Studies Association (MLSA) , Istanbul
  62. Baku Press Club
  63. Centre for Journalism Innovation and Development Premium Times
  64. Union Sapari
  65. The Coalition For Women In Journalism (CFWIJ)
  66. Committee to Protect Freedom of Expression, Armenia
  67. FEDERATIA SINDICATELOR DIN SOCIETATEA ROMANA DE RADIODIFUZIUNE, Bucharest, ROMANIA
  68. CD FILMS (FRANCE)
  69. CFDT-Journalistes
  70. Belarusian Association of Journalists
  71. SafeJournalists network
  72. Association of Journalists of Kosovo
  73. Association of Journalists of Macedonia
  74. BH Journalists Association
  75. Croatian Journalists’ Association
  76. Independent Journalists Association of Serbia
  77. Trade Union of Media of Montenegrо
  78. Analytical Center for Central Asia (ACCA)

Саморегулацијата и заглавените реформи – тема на состанокот меѓу ЗНМ, СЕММ и амбасадорот Гир

0

Напредокот во спроведувањето на медиумската саморегулација, медиумските реформи, безбедноста и заштитата на новинарите и медиумските работници беа дел од темите за коишто вчера дискутираа претставници на ЗНМ и СЕММ со Шефот на Делегацијата на ЕУ во државата.

Претставниците на ЗНМ укажаа на задоцнетите реформи во медиумскиот сектор, барајќи поддршка од Делегацијата на ЕУ во Скопје за продолжување на процесите во Собранието на РСМ. ЗНМ потсети на фактот што Кривичниот закон, со кој се обезбедува заштита на медиумските работници, веќе осум месеци е заглавен во собраниска постапка, како и за кризата со неизбор на членови во медиумскиот регулатор и советот на МРТ.

Претставничките на СЕММ укажаа на зголемениот број на претставки за неетичко известување на медиумите и за прекршување на Етичкиот кодекс. Статистиката на СЕММ покажува дека најчесто се нарушува член 1 од Кодексот на новинарите, поврзан со точноста и вистинитоста во информирањето, како и членот 8, којшто е поврзан со сензационалистичкото информирање.

Амбасадорот на ЕУ изрази поддршка за заложбите на двете организации во подобрувањето на состојбите во медиумската сфера, а наскоро следува заеднички настан на којшто подетално ќе се дискутира за овие прашања со новинари и засегнати страни од медиумскиот сектор.

Европски Закон за слобода на медиумите: Комисијата започнува со јавни консултации

0
European Commission

На 10 јануари, Европската комисија објави отворени јавни консултации за претстојниот европски закон за слобода на медиумите, значајна иницијатива што ја најави претседателката Фон дер Лајен во нејзиното обраќање за ситуацијата во Унијата во 2021 година за заштита на медиумскиот плурализам и независност во внатрешен пазар на ЕУ. Ова уследи по повикот за докази објавен на 21 декември 2021 година во кој се наведени главните цели на иницијативата, можните опции и влијанијата.

Потпретседателката на ЕК за вредности и транспарентност, Вера Јоурова, рече: „Медиумите се столб на демократијата. Но, денес овој столб се пробива, со обидите на владите и приватните групи да извршат притисок врз медиумите. Затоа, Комисијата ќе предложи заеднички правила и заштитни мерки за заштита на независноста и плурализмот на медиумите. Новинарите треба да бидат способни да ја вршат својата работа, да ги информираат граѓаните и да повикуваат на одговорност без страв или наклонетост. Сега отворивме широки консултации за да дојдеме до најдобриот предлог“.

Комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон додаде: „Мораме да ја обезбедиме независноста на европските медиуми, нивната иновативност и одржливост, како и тоа да работат без какво било неоправдано мешање во нивните активности, без разлика дали се приватни или јавни. Денес ги започнуваме нашите консултации за претстојниот Закон за слобода на медиумите: сакаме да ги слушнеме вашите ставови и да ги истражиме вашите решенија за поотпорен медиумски пазар, кој на граѓаните им обезбедува разновидни и веродостојни информации“.

Целта на консултациите е да се соберат ставови за најважните прашања кои влијаат на функционирањето на внатрешниот медиумски пазар, вклучително и различни видови медиумско мешање, како и економските трендови. Опфаќа три главни области поврзани со медиумските пазари, првата се фокусира на транспарентноста и независноста (на пр. испитување трансакции на медиумскиот пазар, транспарентност на сопственоста на медиумите и мерење на публиката), втората за условите за нивно здраво функционирање (на пр. изложеност на публиката на различни ставови , медиумски иновации на пазарот на ЕУ) и трето за правична распределба на државните ресурси (на пр. независност на јавните медиуми, транспарентност и правична распределба на државното рекламирање). Исто така, се очекуваат повратни информации за основните опции за управување со Законот, кои би можеле да се надоврзат на Европската регулаторна група за аудиовизуелни медиумски услуги (ERGA).

Предлогот треба да биде претставен од Комисијата во третиот квартал од 2022 година. Отворените јавни консултации бараат да се соберат ставовите, доказите и податоците на граѓаните, особено новинарите, медиумите (и приватните и јавните), академската заедница, граѓанското општество, јавните власти, бизнисите и сите засегнати страни да и помогнат на Комисијата да ги обликува овие нови правила. Коментарите може да се даваат до 21 март 2022 година на порталот Say Your Opinion.

Позадина

Европскиот закон за слобода на медиумите се планира да се донесе во третиот квартал од 2022 година, како што е наведено во Програмата за работа на Комисијата за 2022 година, кој ќе се надоврзе на ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги, која поставува правила за независност на медиумските регулатори, промовира транспарентност на сопственоста на медиумите и признава дека уредувачките одлуки треба да бидат ослободени од мешање на други актери. Иницијативата ќе се фокусира на елиминирање на бариерите за воспоставување и работа на медиумски услуги и ќе има за цел да воспостави заедничка рамка за подобрување на внатрешниот пазар во медиумскиот сектор, со цел да се зачува слободата на медиумите и плурализмот на тој пазар. Тоа ќе биде поврзано со напорите на ЕУ за промовирање на демократското учество, борбата против дезинформациите и поддршката на слободата на медиумите и плурализмот како што е наведено во Европскиот акционен план за демократија. Конкретно, ќе ја надополни неодамна усвоената Препорака за заштита, безбедност и зајакнување на новинарите, предложениот пакет на Законот за дигитални услуги и претстојната иницијатива за заштита на новинарите и бранителите на правата од парнична постапка (SLAPP). Европскиот закон за слобода на медиумите, исто така, ќе оди рака под рака со акциите поврзани со одржливоста, издржливоста и дигиталната трансформација на медиумскиот сектор, кои се спроведуваат во рамките на Акцискиот план за медиуми и аудиовизуелни медиуми.

Формирана е секција на млади новинари при ЗНМ

0

По иницијатива на група на млади новинари од повеќе различни медиуми денеска беше формирана секција на млади новинари при ЗНМ. На состанокот на кој имаше  четириесетина учесници се дебатираше кои ќе бидат приоритетите и целите на оваа секција во 2022 година. Вмрежување меѓу редакциите, подобрување на социоекономскиот статус на младите новинари, надградување на вештините за напредно известување и почитување на стандардите во новинарската фела беа дел од темите за кои се разговараше на форумот.

Целта на формирањето секцијата пред се е да се афирмира новинарството како атрактивна професија, од причина што денес има се помалку интерес за истата и многу редакции се соочуваат со сериозен проблем да најдат новинари. Освен ова, со секциите се цели кон градење на поголема солидарност во новинарската професија и на дополнително надградување на знаењата како професионалци во секторот. Покрај популаризацијата, секцијата во иднина, преку градење на капацитетите ќе им овозможи на младите новинари да добијат не само можност да слушнат искуства од други медиуми и историски преглед како се менувале работите, но и околу професионалните стандарди и црвените линии во професијата.

На настанот поздравни обраќања имаа Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, Сашка Цветковска, координатор на иницијатива за формирање на Секција на млади новинари при ЗНМ и Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ кој ја претстави целта за формирањето на секцијата на млади новинари.

Регионален настан на ЗНМ: ,,Унапредување на соработката помеѓу снимателите и новинарите”

0

Како дел од активностите на секцијата на сниматели при ЗНМ, викендов се реализира тродневна работилница во Охрид на тема: ,,Унапредување на соработката помеѓу снимателите и новинарите” на која посебен придонес даде Виктор Стефановски – извршен продуцент во ТВ Сител, Предраг Перовиќ – снимател од Јавниот сервис на Црна Гора (РТЦГ), Горан Копривица – снимател од Радио телевизија Србија (РТС) а модератор на настанот беше Трајче Илиевски, претставник на секцијата на сниматели при ЗНМ.

Во своето обраќање пред учесниците, Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Младен Чадиковски изјави: ,,Oд исклучителна важност на секциите при ЗНМ се ваквите настани и обуки каде преку заедничка дискусија и изложување на проблемите и потенцијалните решенија се подобрува комуникацијата и се унапредуваат вештините на новинарите, снимателите и медиумските работници во иднина. Практиките новинари и сниматели заедно да дебатираат за предизвиците во новинарството ќе помогне кон подигнување на квалитетот на тимската работа, во дух на заедничко разбирање и на крајот, поквалитетен продукт, сторија, репортажа и слично.” – истакна Чадиковски

Претставникот на секцијата на сниматели при ЗНМ, Трајче Илиевски потенцираше дека ваквите настани се од особена важност за секцијата како и придонесуваат за унапредување на соработката, солидарноста меѓу фелата и јакнење на капацитетите на снимателите од една страна и на новинарите од друга страна. Ме радува фактот дека на оваа средба учествуваат триесетина сниматели и новинари од 10 градови од дражавата како и двајца регионални претставници од Србија и Црна Гора. Покрај тоа што разменивме компаративни искуства и предизивици со кои се соочуваме секојдневно, дојдовме до заеднички заклучоци кон што треба да се фокусираме во иднина во интерес на унапредување на еснафот.

На работилницата се дискутираше за основните обврски на новинарите и снимателите меѓусебната соработка на дневна основа на настани на терен и внатре во редакција, нивната комуникација и координација, како и за тоа како ќе изгледаат ТВ прилозите во иднина, теми кои ги отвори за дискусија Виктор Стефановски.

Горан Копривица (Радио Телевизија Србија) и Предраг Перовиќ (Радио Телевизија Црна Гора) гостин предавач говореа за компаративни искуства во односите и комуникацијата помеѓу новинари и сниматели во јавниот сервис во Србија и во Црна Гора.

„Во Србија, како и тука, за време на настани настанува проблемот со кој се соочуваме сите ние,  просторот и условите за работа. Но благодарение на меѓусебната поддршка со колегите, успеваме да ја сработиме работата. Би сакал да наведам еден пример за тоа како се работи во земји како Франција: за време на посета на тогашниот претседател на Франција, Жак Ширак во Белград, нивниот тим дојде со комплетна опрема за емитување почнувајќи од осветлувањето, се со цел нивниот претседател да биде најдобро прикажан, каде и да се наоѓа во светот.“

Морам да го споделам моето задоволство дека ова што вие колеги од Северна Македонија го имате направено со секцијата на сниматели при ЗНМ, како и ваквите настани за взаемната соработка со новинарите, вие сте пионери на Западен Балкан и ви честитам за покажаната иницијатива и солидарност меѓу претставниците на фелата   – потенцираше Копривица од РТС.

Колегата Предраг Перовиќ од јавниот сервис на Црна Гора се согласи со генералната забелешка и рече: „Истото се случува во Црна Гора, се соочуваме со истите предизвици, но успеваме да ги надминеме благодарение на меѓусебната соработка и солидарност.“ Но како и колегата Горан од РТС сметам дека ова вие што го имате направено и го правите како секција на сниматели треба да го пренесеме како искуство кај нас меѓу нашите колеги како одличен пример за взаемна соработка. – изјави Перовиќ.

Во рамките на работилницата имаше практични вежби и дискусија за меѓусебната комуникација, улогата на новинарот и улогата на снимателот, а се зборуваше и за етиката во работата на снимателите и спецификите и деталите од секојдневните предизвици со кои се соочуваат заеднички снимателите и новинарите.

Во отворената дискусија се споделија предностите на професијата, но и предизвиците со кои се соочуваат снимателите како во државава така и во и соседните земји.

Утврдено беше дека соработката помеѓу снимателите и новинарите постои, има голема професионална солидарност, но секогаш има простор за подобрување на кој ќе се работи и во иднина. Оваа работилница наиде на позитивни коментари и критики помеѓу секцијата на сниматели и новинарите, што претставува чекор напред во подобрување на условите за работа во оваа област.

Потпишана декларација за унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан

0

Денес во Собранието на РСМ се одржа регионалната конференција на тема ,,Унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан” која беше во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Собранието на Република Северна Македонија.

Целта на оваа Регионална конференција е да се унапреди дијалогот помеѓу пратениците од националните парламенти и здруженијата на новинари во земјите од Западен Балкан во насока на подобрување на состојбата на слободата на изразување како основно човеково право и зајакнување на улогата на граѓанските организации.

На оваа конференцијата, претставниците на четирите парламенти и новинарските здруженија од Западен Балкан потпишаа заедничка Декларација за унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан и се договорија секоја година да организираат регионална конференција во една од земјите во регионот.

Во своето обраќање претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски кажа: „Без предуслови за слободна политичка арена вие пратениците не можете да им служите на граѓаните кои ве избрале. Без предуслови за безбедна работа на новинарите, ние новинарите не можеме достоинствено да им служиме на граѓаните во насока на правовремено и непристрасно известување. Затоа сме денес заедно, вие да ја почувствувате вистинската одговорност во вашите пратенички клупи, а ние можеби да ја слушнеме и другата страна на приказната. Знам дека не сме безгрешни. Новинарството живее во ера која се обидува да биде дел од пропагандни и лажни наративи, но ние професионалците имаме обврска да ги посочиме со прст оние што прават проблеми во нашите редови.“

Претседателот на Собранието на Р. Северна Македонија, Талат Џафери изјави дека му е чест што е дел од една ваква конференција чија цел е подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите. Kажа дека медиумите се од голема важност за секоја земја, но и се присутни во секој агол од светот. Секој закон ги покажува слабостите преку имплементација во општеството, а токму законите се тие кои ја носат безбедноста на новинарите , што е пак од есенцијална важност за секоја држава.

„Мора да продолжиме да работиме на нееднаквиот третман на новинарите за да нема напади и закани. Има уште многу да се направи, но оваа конференција е добар почеток, а потпишувањето на заедничката декларација е продлабочување на оваа соработка.“

Покрај претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, на настанот учествуваа: претседателот на Собранието на Р. Црна Гора, Г-н Алекса Бeчиќ, потпретседателот на Собранието на Р.Србија, Радован Тврдишиќ и Претставник на Собранието на БиХ – Лазар Продановиќ.

Пред присутните се обрати и претседателот на црногорското собрание Алекса Бечиќ кој ја поздрави иницијативата за соработката меѓу новинарите и парламентарците и нагласи дека голема е одговорноста на новинарите при пласирање на информациите, што носи пак сличности со пратениците кои исто така имаат одговорност пред граѓаните кои ги избрале. Со оваа конференција се поставуваат нови стандарди за дијалогот меѓу новинарите и парламентарците, рече Бечиќ.

Веднаш по него, се обратија Радован Тврдишиќ, и Лазар Продановиќ  кои исто така ја истакнаа важноста од соработката помеѓу двете страни која ќе служи како поддршка за европска перспектива на земјите од Западен Балкан и изразија надеж дека ќе премине во добра пракса за идна регионална соработка.

Збор земаа и претставниците на новинарските здруженија од Западен Балкан: Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, Радомир Крачковиќ, потпретседател на Синдикатот на новинари на Црна Гора, Жељко Бодрожиќ, претседател на Независното здружение на новинари на Србија и Борка Рудиќ, генерален секретар Здружението на новинари од БиХ. Во работниот дел свое обраќање имаа Бојан Василевски, заменик генерален секретар на Собранието на РСМ, Драган Бојовиќ, претставник на Собрание на Р. Црна Гора и Златко Вукмировиќ, шеф на службата за информации на Парламентарното собрание на Р. Босна и Херцеговина.

Конференцијата е организирана во рамките на регионалниот проект „Подобрување на дијалогот меѓу новинарските здруженија и парламентите во Западен Балкан за посилен граѓански сектор“, финансиран од СИДА, во рамките на проектот „Заштита на граѓанскиот простор – регионален центар за развој на граѓанското општество“ имплементиран од BCSDN.