Регионална платформа: Новинарот Глухиќ од БиХ физички нападнат од политичарот Спахиќ

    0
    14

    Синан Глухиќ, новинар на локалниот медиум РТВ Зеница беше физички нападнат од Сулејман Спахиќ, член на партијата А-СДА. На нападот му претходеле бројни вербални закани и навреди од страна на лидерите на А-СДА преку телефон и социјалните мрежи, а особено на Фејсбук.

    Во петокот, на 5 јуни Глухиќ одејќи на работа бил физички нападнат од Спахиќ. Пред сведоци Глухиќ добил смртни закани од Спахиќ, по што следеле удари по вратот и лицето на новинарот. Инцидентот бил пријавен и евидентиран во полиција, а пријавени биле и заканите што Глухиќ ги добил во претходниот период. Истиот ден партијата А-СДА објави соопштение во кое негираше дека се случил нападот. Администрацијата на полицијата во Зеница иницираше истрага и зеде изјави од двајцата учесници на инцидентот. Случајот треба да се достави до канцеларијата на Обвинителството, а побарана е и 24-часовна полициска заштита за Глухиќ.

    Здружението на новинари во БиХ, член на мрежата „SafeJournalists“ остро ги осуди заканите и физичкиот напад врз Глухиќ и побара итна истрага за овој инцидент и санкционирање на Спахиќ.

    „Не е прифатливо за било која личност, а камоли на политичка партија или нејзините членови, да употребува сила – физичка, психолошка, преку Интернет или офлајн – против новинарите. Нападот врз Глухиќ е јасен случај на злоупотреба на политичката моќ и кршење на основните принципи на слободата на медиумите“, рече Борка Рудиќ, генерален секретар на Здружението на новинари во БиХ – Новинари на РТВ Зеница и додаде дека и други медиуми веќе подолго време се соочуваат со политички притисоци и закани од функционери на политички партии од општинските и кантонските власти. „Тоа мора да престане“, рече таа.

    Мрежата „SafeJournalists“, претставувајќи повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на нејзиниот член  БХЈА во осудата на физичкиот напад врз Синан Глухиќ. Ја поздравуваме брзата реакција на полицијата во Зеница и очекуваме темелна истрага за овој напад и заканите кои му претходеа. Со тоа и со соодветно санкционирање, властите од Зеница ќе покажат дека заканите и физичките напади се неприфатливи, особено не врз новинарите од страна на членови на политичките партии. Ги повикуваме политичките актери не само да се воздржат од притисоци и напади врз новинари, туку отворено и недвосмислено да го осудат ваквото однесување од страна на нивните колеги и да побараат одговорност од нив.

    Мрежата „SafeJournalists “ќе ги информира релевантните национални и меѓународни заинтересирани страни за овие случаи. Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 08.06.2020 година

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинарите на Македонија

    Здружение на новинари во БХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независно здружение на новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора