Регионална платформа: Смртни закани кон новинарот на N1 во БиХ – Никола Вучиќ

    0
    21

    Никола Вучиќ, новинар на N1 во БиХ, доби смртни закани преку социјалните мрежи. Имено, откако тој објавил коментар на својот профил на Твитер, биле објавени детали за неговиот приватен живот, а неговото семејство било навредувано.

    На 26 мај реагирајќи на веста дека Кантонот на Западна Херцеговина се прогласи за зона без корона, Никола Вучиќ, саркастично праша на својот профил на Твитер дали „зоната без фашизам“ ќе биде прогласена наскоро. Ваквиот коментар беше проследен со закани и повици за насилство против него, вклучително и изјави дека Вучиќ треба да заврши во реката Неретва, обележувајќи го новинарот како халал Србин и бројни други навредливи пораки против него и неговото семејство. Вучиќ оттогаш го затвори својот Твитер профил, додека некои медиуми објавуваа детали за неговиот приватен живот за кои нема никаков јавен интерес.

    Здружението на новинари во БиХ, член на мрежата „Безбедни новинари“предупреди дека заканите за насилство, говор на омраза и малтретирање на членовите на семејството на Вучиќ, се неприфатливи. БХЈА експлицитно истакна дека повиците за насилство и смртните закани се кривични дела и дека несогласувањето со коментарот на никој случај не смее да биде изговор за ваквото однесување.

    „Заканите и насилството преку Интернет врз новинарите преку социјалните мрежи се се почести и посериозни. Полицијата и судството мора да реагираат брзо и поефикасно за да се избегне радикалниот период во БиХ, без слобода на изразување и без безбедно опкружување за новинарите“, рече Борка Рудиќ, генерален секретар на Здружението на новинари на БХ. Рудиќ додаде дека е жално што N1 телевизија не успеа да го заштити новинарот и не реагираше на било кој начин на заканите и кампањата против Вучиќ. „Ако медиумите не се подготвени да ги заштитат своите новинари кои добиле смртни закани, има сериозен проблем во разбирањето на сопствената одговорност за заштита на безбедноста и интегритетот на новинарите и воопшто во разбирањето на слободата на изразување“.

    Мрежата „SafeJournalists“, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, му се придружува на нејзиниот член БХЈА во осудата на заканите кон Вучиќ и заплашувањето на неговото семејство. Според извештаи на БХЈА ваквите закани се зголемуваат – а во едно такво опкружување прашање на време е кога ќе се случат и вистински физички напади. Ние со ова, бараме од властите на БиХ да дејствуваат и да го заштитат Вучиќ од натамошна злоупотреба и закани и да ги испитаат сите инциденти и да ги санкционираат сторителите.

    SafeJournalists.net ќе ги информира релевантните национални и меѓународни заинтересирани организации за овие случаи.

     Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 30.05.2020 година

    Здружение на новинари во БиХ

    Синдикат на медиуми на Црна Гора

    Здружение на новинари на Хрватска

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинарите на Македонија

    Независно здружение на новинари на Србија